Општ хаос беше на Аталанта – Сасуоло, не се знаеше кој со кого се брка (Видео)

Аталанта заврши на третото место во Серија А и следната сезона ќе игра во Лигата на шампиони. За историскиот успех на тимот од Бергамо, потребно беше победа во последното коло против Сасуоло. Работите за домаќините не тргнаа како што посакуваа и први примија гол, а потоа израмнија за 1:1 на полувреме.

Пред крајот на првото полувреме се случи една мешаница пред голот на гостите, кога се претвори во општ хаос во кој учествуваа многу играчи, но и официјални лица на двата клуба. На крајот Берарди заработи црвен картон, а пожолтеа уште двајца гостински играчи.

Со играч повеќе во вториот дел Аталанта даде два гола и стигна до посакуваната предност и победа од 3:1 за пласман во елитната Лига на шампиони.

Покрај Аталанта, во ЛШ ќе игра и Интер, кој во драматична завршница со 2:1 го победи Емполи и го прати во Серија Б.

- Оглас -

Најнови вести