Организаторот на СП 2030 ќе биде познат идната година

Организаторот на Светското првенство што треба да се одржи во 2030 година треба да биде избран во септември идната година, објави Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Засега во игра за организација на СП 2030 се заедничките кандидатури на Шпанија, Португалија и Украина, на јужноамериканските Аргентина, Уругвај, Парагвај и Чиле, како и на Саудиска Арабија, Египет и Грција.

Идната година ќе биде избран и домаќинот на женското Светско првенство што треба да се одржи во 2027 година.

ФИФА денеска ја одреди Саудиска Арабија за домаќин на Светското клупско првенство кое ќе се одржи од 12 до 22 декември годинава.

- Оглас -

Најнови вести