27.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Организаторот се извини за ставањето на македонското знаме меѓу забранетите знамиња за снимање

Министерството за надворешни работи на Македонија објави дека забраната за снимање на македонското државно знаме и знамето од Кутлеш по наредба на огранизаторот на Отвореното првенство на Австралија е ненамерна грешка и проблемот е решен.

МНР информира и дека добиле извинување од организаторот на првиот годинешен гренслем-турнир и од Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија.

„По добиените информации за пропустот поврзан со истакнувањето на официјалното знаме на Република Северна Македонија на тенискиот турнир Отворено првенство на Австралија, Министерството за надворешни работи преку амбасадата во Канбера веднаш реагираше до Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, како и до организаторот на турнирот Отворено првенство на Австралија“, стои во соопштението од МНР.

Вчера Македонската коалиција, односно Macedonian coalition од Австралија на социјалните мрежи објави дека организаторот на турнирот на снимателите кои ги реализираат преносите од првиот гренслем-турнир во годината им поделил флаери со знамиња кои не треба да бидат снимани доколку се појават на трибините и меѓу нив било и македонското.

На флаерот со инструкции биле знамињата на Палестина, Белорусија, Русија, Тајван, Израел и македонското знаме, како и 16-кракото сонце од Кутлеш во неговата црвена и сина (грчка) варијанта.

- Оглас -

Најнови вести