Организирале пријателски меч на два наркокартели, но наместо игра, се случи масакр со 16 мртви

Мексиканските власти направија залуден обид да смират два завојувани наркокартели со тоа што решија да им организираат пријателски меч во затвор. Дуелот бил меѓу Залевски картелот и Лос Зетас картелот, а требало да биде како нов старт во Новата година.

Сепак, наместо фудбалски меч, на крајот се случил масакр. Дури 16 луѓе загинале, а петмина се повредени кога во сред мечот започнал вооружен судар на двата картели. Затворениците кои биле дел од фудбалскиот меч извадиле пиштоли, пушки и друго оружје и почнале да се убиваат меѓу себе.

Сите 16 убиени се затвореници, а повредени се петмина посетители кои го гледале мечот. Тоа биле луѓе кои се роднини и пријатели на затворениците кои наместо фудбал, на крајот направија вистинска војна. Картелот Зетас настанал како дел од Залевски картелот, а во 2010 година се одвоил и работи самостојно и важи за еден од најопасните и најголемите наркокартели во Мексико.

- Оглас -

Најнови вести