Ориги е привременото решение на Покетино за повредениот Кејн

Тотенхем остана без својот најдобар поединец во екипата Хари Кејн во најлош можен период. Англискиот голгетер го повреди глуждот на левата нова и ќе биде надвор од редовите до март, што значи дека нема да настапи против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите. Маурисио Покетино остана само со една напаѓачка опција, Фернандо Љоренте, па се очекува во зимскиот преоден рок да пристигне привремено решение.

Токму затоа „петлите“ ќе се обидат да го ангажираат Дивок Ориги од Ливерпул, барем на позајмица до крајот на сезоната. Покетино не може да го замени Кејн ниту со Хонг-мин Сон поради репрезентативните обврски со Јужна Кореја на Азискиот куп, додека Лукас Мура е повреден. Искусниот Љоренте не може да одговори на задачата, па клубот од северен Лондон се надева дека ќе добие помош од лидерот на Премиер лигата.

Ориги добива минимална минутажа кај Јирген Клоп, сезонава настапи вкупно на шест меча во сите натпреварувања, главно влегујаќи од клупа, а донесе три бода за „црвените“ во драматичното градско дерби против Евертон кое заврши со минимални 1-0.

Љоренте најверојатно ќе го предводи нападот на Тотенхем во дуелот против Фулам (недела, 17 часот), меч кој ќе се одигра во рамките од 23-тото коло во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести