Ориги: Тој ден против Барселона сè влегуваше, друг ден топката ќе летнеше на трибини!

Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги, никогаш нема да го заборави голот со кој на својот тим му донесе водство од 4-0 против Барселона и погодок со кој на чудесен начин ги измамија Каталонците во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите. Голот на Ориги се покажа како решавачки, бидејќи Барселона првиот меч го доби со 3-0.

„Јас чекав да видам кој ќе го изведе корнерот за да знам каде да застанам. Кога видов дека Трент гледа кон мене, мислам дека остваривме визуелен контакт, кратко се погледнавме во очи и знаев дека ќе направи нешто инстинктивно. Забележав дека топката е на теренот, а никој немаше време да се постави на својата позиција. Тој нафрли, јас бев подготвен, а забележав дека Пике и Тер Штеген се поблиску до средината, а левиот агол е празен. Едноставно, имав среќа. Тој ден против Барселона сè ни одеше од рака. Во некој друг ден кога не ми оди, топката по нафрлувањето веројатно ќе завршеше на трибините и немаше да ме обвинат, не беше лесна позицијата. Но, тој ден сè ни одеше и покажавме колку добар тим сме“, раскажува Ориги.

 

- Оглас -

Најнови вести