Оригинален начин за протест: Чуден мурал осамна на ѕидот на стадионот во Милано (Фото)

Екипите на Милан и Њукасл вчера го одиграа својот натпревар од Лигата на шампионите, кој заврши без голови, 0-0. Но, она што го привлече вниманието на светската јавност е муралот кој е нацртан на ѕидот на стадионот „Сан Сиро“ во Милано, на кој се претставени Роберто Манчини, Мохамед бин Салман и Кристијано Роналдо како држат со раце крвави фудбалски топки.

Ова веројатно е начин на протест против она што се случуваше летово со големите трансфери кои беа направени во Саудиска Арабија. Манчини ја напушти клупата на Италија за да биде селектор на Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо е првата ѕвезда која се пресели на Блискиот Исток и се смета за иницијална каписла за големите трансфери, а Бин Салман е престолонаследникот на Саудиска Арабија и идеолог на она што се случува на фудбалски план.

Мечот со Њукасл веројатно не е избран случајно бидејќи сопственик на премиерлигашот е Инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија, кој е воден од самиот државен врв.

- Оглас -

Најнови вести