Оригинален старт на НХЛ

Вечните ривали од Канада, Торонто мејпл лифс и Монтреал канедиенс ќе го означат стартот на  новата сезона во НХЛ, ноќеска од еден часот, а премиерата е за мерак на љубителите на хокејот.

И Торонто и Монтреал се дел од Оригиналните шест во НХЛ-лигата, односно се два од шесте постојани учесници од нејзиното основање во 1942 година.

Ривалитетот е огромен, а двете екипи се на врвот според бројот на освоени трофеи, или популарниот Стенли куп. Монтреал е неприкосновен со 24 НХЛ-титули, а Торонто е зад него со 13. Двете екипи имаа долги периоди на доминација и познати се две од трите династии, на Монтреал и на Торонто, заедно со третата на Детроит ред вингс.

Раководството на НХЛ не препушта ништо на случајот, па првиот ден од новата сезона ќе биде со четири дерби-мечеви.

По најголемото во НХЛ, меѓу Торонто и Монтреал, од 01.30 часот ќе играат шампионот Вашингтон капиталс со Бостон бруинс. И тој меч е од Источната конференција, а од 04 часот ќе почне битката и на Западот, со помалото канадско дерби меѓу Ванкувер канукс и Калгари флејмс.

За половина час подоцна е закажан стартот на дуелот меѓу Сан Хозе шаркс и Анахејм дакс.

 

- Оглас -

Најнови вести