Оригиналниот Роналдо има визија: Точно знам што ќе се случи кога Мбапе ќе потпише за Реал

Поранешниот бразилски репрезентативец, Луис Назарио да Лима Роналдо, нема дилеми дека Килијан Мбапе откако ќе потпише за Реал Мадрид ќе биде најдобар фудбалер на светот и ќе ја освои Златната топка.

Мбапе има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, но пред неколку недели ги извести управата и соиграчите дека налето ќе си замине, а медиумите и фудбалските фанови немаат дилеми дека следен клуб во неговата кариера ќе биде Реал Мадрид.

Роналдо кој се смета за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, пак нема дилеми дека Мбапе во дресот на Реал Мадрид ќе ги исвојува најпрестижните индивидуални награди.

„Прво мора да почекаме официјално да биде објавено, но јасно е дека сите едвај чекаат Мбапе да се пресели во Реал Мадрид. Точно знам што ќе се случи кога Мбапе ќе дојде во Мадрид. Тој ќе стане најдобар фудбалер и ќе ја исвои Златната топка. Мислам дека Реал Мадрид е добар избор за него. Во Мадрид ќе има тим кој ќе му помага на и надвор од теренот, тие ќе го заштитат“, изјави Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести