Лидерот на табелата во шпанската лига, Барселона, го претрпе првиот пораз сезонава, откако вечерва во Памплона беше совладана од Осасуна со 2-4.
Тренерот на Барса, Ханси Флик, реши од почетниот состав да ги изостави Балде, Ињиго Мартинез, Јамал и Рафиња, и тоа се покажа како грешка, Каталонците правеа грешки во одбраната, ни голманот Пења не се прослави, и не беа толку убоити во нападот. Флик испушти шанса да стане вториот тренер кој во Ла Лига тргнал со осум победи по ред.
Анте Будимир со два гола беше предводник на Осасуна, а Осасуна за првпат после 40 години даде четири гола против Барселона.
Головите за Барса ги дадоа Пау Виктор (негов прв сезонава и тоа по голема грешка на голманот на Осасуна) и Јамал кој влезе во вториот дел.