Оската Осака и Египет се сигурна игра со Супер типот на Sport Life (Фото)

Супер типот на Sport Life повторно нуди широка лепеза од натпревари во различни спортови, со многу комбинации и различни игри, што е можност за обложувачите да си одберат свои џокери со кои ќе си ја зголемат добивката.

Главни фаворити во понудата од 16 натпревари се најтрофејната фудбалска нација во Африка, репрезентацијата на Египет, која игра против Комори во меч што ќе одлучи која селекција ќе ги заврши успешните квалификации за настап на Купот на нациите на првото место.

Популарните Фараони се седумкратни прваци на континентот, што е рекорд, и се големи фаворити за победа против Комори, селекција што оствари историски успех со пласман на АФКОН.

Коефициентот за „кец“ е 1.42, а во Супер типот за овој меч имате можност да одберете уште четири комбинации, сите со повисоки коефициенти од стандардните во понудата во билтенот на Sport Life.

Втор фаворит на долгата листа во Супер типот е Наоми Осака, повеќекратната тениска гренслем-шампионка. За победа на Јапонката против Елиз Мертенс коефициентот е 1.47. Има уште неколку тениски натпревари во Супер типот, секако и многу фудбал, хокеј на мраз и кошарка.

 

 

- Оглас -

Најнови вести