Ослабениот Денвер со бело знаме ќе го пречека вицешампионот

8375 Денвер нагетс – Мајами хит (04ч)

На Денвер и тоа како ќе му недостасува Џамал Мареј за клучниот дел од сезоната и, секако, плејофот, а без него учинокот на Нагетс ќе претрпи пад во формата. Денвер со два врзани порази го пречекува вицешампионот Мајами, кој славеше во две од последните пет гостувања во Колорадо.

Жешките целат што побрзо да го оправдаат убедливиот пораз од Феникс, а во овој меч ќе влезат без новиот член Виктор Оладипо. Секако, тимот од Флорида ќе треба да го предводат лидерите како Батлер и Драгиќ за да го подобрат учинокот на гости, кој засега гласи 13-13.

Предлог тип: 2 (2.45)

 

8367 Филаделфија севентисиксерс – Бруклин нетс (01ч)

Бруклин ќе биде прилично десеткуван доколку Ирвинг и Олдриџ ноќеска не настапат против Филаделфија бидејќи од претходно и Харден не е во комбинација да игра.

Поради тоа, им се укажа шанса на Сиксерси да докажат дека токму тие ќе бидат најголемиот ривал на Нетс од Истокот во битката до големото финале, а воедно да го поправат учинокот на домашен терен откако Филаделфија претрпе два порази во последните пет меча на свое тло.

Треба да се знае дека Филаделфија е во серија од пет победи на домашен терен против Бруклин, во кои Сиксерси редовно постигнуваа повеќе од 112 поени.

Предлог тип: >230,5 поени (1.81)

 

8382 Демар Дерозен (Торонто репторс – Сан Антонио спарс, 01:30ч)

Дерозен ќе биде мотивиран да блесне против поранешната екипа, и тоа на нејзин терен. Репторси ќе бидат ослабени без еден од главните поентери, Фред Ванвлит, што уште повеќе му се отвора простор на Дерозен да пружи ефикасна партија.

Сан Антонио славеше во две од последните пет гостувања во Торонто, а воедно домаќините ги загубија последните три меча на свој терен и нема да биде изненадување доколку продолжи нивната криза.

Предлог тип: Дерозен >22,5 поени (1.87)

 

8370 Њу Орлеанс пеликанс – Њујорк никс (02ч)

Пеликаните ќе се обидат да ја продолжат победничката серија на четири натпревари, но и Њујорк со идентична форма и исти поставени цели ќе влезе во овој меч. Сепак, шансите му се даваат на домашниот состав кој брка пласман во плејин-фазата и ноќеска треба да победи за да се изедначи со Голден стејт.

Пеликанс има учинок од 4-1 во последните пет меѓусебни дуели против Никс, од кои три ги добија на гости, па затоа не треба да биде проблем да се одбрани домашниот терен.

Предлог тип: 1 (1.72)

 

8374 Мемфис гризлис – Далас маверикс (03:30ч)

Далас од ноември 2019 година нема победено на гости кај Мемфис, но бидејќи Маверикс славеше во последните два меѓусебни дуели, пред Дончиќ и дружината е поставена мисијата да се продолжи со тој ритам.

Далас со еден пораз повеќе ќе влезе во овој дуел со надеж дека нема да загуби и во третиот меч по ред. Инаку, последните две победи на Далас против Мемфис беа остварени со низок број поени.

Предлог тип: <225,5 поени (1.86)

- Оглас -

Најнови вести