Осогово му фати сеир на Мурињо само со еден збор

Осогово има одлични презентации на социјалните мрежи, а и денеска претставниците на клубот од Кочани задолжени за социјалните мрежи на духовит начин на „Твитер“ го прокоментираа пристигнувањето на Жозе Мурињо на кормилото на Тотенхем.

https://twitter.com/gfkosogovo/status/1197151613082845184?s=20

Само со еден пишан збор „Предавник“ на твитерот-профилот на Осогово успеаја да му фатат нов сеир на Португалецот, на кого на шега му испратија понуда летоска да дојде во Кочани и да биде тренер на нивниот клуб.

Денеска Специјалниот и официјално беше именуван за нов менаџер на Тотенхем, а симпатиите одат на сметка на кочанчани.

- Оглас -

Најнови вести