Останува лојален на Црвените ѓаволи – Дојде како првоoдделенец, денеска го продолжи договорот до 2025 година

Мејсон Гринвуд му останува лојален на Манчестер јунајтед и го продолжи договорот со најтрофејниот англиски клуб до 2025 година.

Момчето што пристигна во Академијата на клубот на 7-годишна возраст, ќе остане со Црвените ѓаволи најмалку уште четири години.

Мејсон има само 19 години, досега има вкупно 82 настапи за сениорскиот тим и тој е најмладиот стрелец во европските купови, во богатата историја на клубот.

„Сонот ми се оствари, да играм за првиот тим на Манчестер јунајтед. Тоа беше првото што го помислив кога пристигнав како 7-годишно момче во Академијата на клубот.Имам уште многу цели за остварување во фудбалската кариера, а за тоа нема подобар клуб од Манчестер јунајтед“, изјави Гринвуд.

Ланската сезона беше вистонско откритие во Премиер лигата и на 31 меч постигна 10 гола. Успеа и да дебитира за националната селекција и играше за Англија против Исланд во победата од 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести