Осуден силувач на дете ќе настапи на Игрите во Париз, но ќе има посебен третман

Точно уште седум дена остануваат до почетокот на Олимписките игри во Париз, каде што ќе настапат повеќе од 10.500 спортисти, и тоа подеднакво, по 5.250 во машка и уште толку во женска конкуренција.

Контроверзна приказна доаѓа пред мечевите во одбојка на песок, а е поврзана со Стивен ван де Велде. Тоа е 29-годишен холандски одбојкар кој три години поминал во затвор, и тоа поради силување на 12-годишно девојче. Ван де Велде е пуштен од затвор во 2017 година, а сега ќе биде дел од Игрите во Париз.

Според најавите, Ван де Велде нема да биде сместен во Олимпиското село каде што ќе бидат сместени сите спортисти, туку ќе има посебен третман. Тој ќе биде сместен во посебна локација и нема да има пристап за разговор ниту со новиварите.

„Ја знаеме историјата на Стивен. Беше осуден по англиските закони и ја отслужи својата казна. Постојано сме во контакт со него, а тој сега е целосно реинтегриран во холандската одбојкарска заедница. Докажа дека е професионално и човечко битие и нема причина да се сомневаме во него откако се врати од Англија“, вели генералниот директор на холандскиот одбојкарски сојуз, Михаел Еверерт.

Во изјава дадена од пред неколку години, одбојкарот признава дека се кае за тоа што го направил, но времето не може да се промени.

„Го направив тоа што го направив. Времето не може да се врати, па ги трпам последиците. Можете да ми судите. Тоа беше најголемата грешка во мојот живот. Свесен сум дека пред најголемиот спортски настан во светот ова може да предизвика меѓунараоден интерес. Благодарен сум на Одбојкарскиот сојуз кој ми ја даде оваа шанса, да бидам повторно дел од овој прекрасен спорт. Сепак, се сеќавам и на времето кога бев тинејџер, колку бев несигурен, неподготвен за живот на врвен спортист и несреќен од внатре. Сепак, сега е поинаку“, вели обележаниот спортист Еверерт.

Од Меѓународниот олимписки одбор (МОО) објаснија дека тие немаат никаква улога во одлуката на Холандскиот сојуз да ги одбере натпреварувачите.

 

- Оглас -

Најнови вести