Осум сезони играше во Македонија, а сега на 40 години првпат направи трипл-дабл

Српскиот центар Душан Кнежевиќ, кој е добро познат во Македониј, бидејќи од 2009 до 2017 година настапуваше за наши клубови, и на 40-годишна возраст игра добро, а доказ за тоа е неговиот трипл-дабл на последниот настап во дресот на Дрина, тим од лигата на Република Српска во Босна и Херцеговина.

Дуле Силни, како што сакаа да го викаат во Кавадарци додека играше за Фени индустри во шампионските денови на тој клуб, на мечот на Дрина со Приједор имаше 24 поени и по 12 скока и асистенции. Според босанските медиуми, ова е прв трипл-дабл за Кнежевиќ во кариерата и прв ваков ефект на играч во лигата на босанските Срби.

Кнежевиќ четири сезони го носеше дресот на Фени, освои титули во македонската лига и БИБЛ, потоа една сезона мина во Работнички, а потоа три сезони играше и за Карпош Соколи, со кого настапи и во АБА-лигата.

- Оглас -

Најнови вести