Со Реал Мадрид освои две титули во Лигата на шампионите, а сега е мајстор за рибарење

Да се игра за Реал Мадрид, е сон на секој фудбалер, но ретко кој може да се пофали со такво нешто.

Еден од тие е и Фабио Куентрао, кој со кралскиот тим освои две титули Лига на шампиони. Тој во 2011 година од Бенфика премина во редовите на Реал во трансфер вреден 30 милиони евра.

Не беше меѓу најзначајните, но тој имаше своја улога во овој тим и одигра 58 натпревари за седум години.

Фудбалската кариера ја заврши минатата сезона во матичниот клуб Рио Аве, а сега се занимава со сосема друга работа.

Тој обожава да риболови и во моментов има и своја фирма и 45 вработени, коишто со бродови идат да фаќаат риби, кои подоцна се продаваат во рестораните.

„Мојот татко секогаш кога бев мал ме носеше на брод, а и јас кога имав време уживав да одам на брод и да риболовам.

Среќен сум и сакам да го живеам овој живот, а тоа е: море, риба и брод“, изјави Куентрао.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести