Освојувањето пол-позиции да му стане победничка навика на Ферстапен

Макс Ферстапен по победата во Франција врза две пол-позиции со најбрзо извозеното време, по вчерашните квалификации на домашната патека на Ред бул во пресрет на трката за Големата награда на Штирија.

Ферстапен е прв возач на Ред бул по Себастијан Фетел кој успеа на две трки по ред да ја освои пол-позицијата, а четирикраниот светски првак го стори тоа во сезоната 2013.

Ферстапен сезонава има три победи, денеска ќе атакува на четврта на „Ред бул ринг“ патеката со цел да го зголеми водството во бодови во однос на актуелниот шампион Луис Хамилтон. Ферстапен е лидер со 131 бод по седум трки, Британецот има 119 бода.

Инаку зад возачот на Ред бул, ќе бидат болидите на Мерцедес, Хамилтон тргнува од втората позиција, а зад него е Валтери Ботас.

- Оглас -

Најнови вести