Откако загубија од петтиот во словенечката лига, Конте призна: Дури сега сфатив каде дојдов

Тотенхем го претрпе еден од најнеочекуваните порази откако на гостувањето во Словенија загуби од Мура со 1:2, во меч од петтото коло во Конференциската лига.

По овој пораз, Тотенхем си ги искомплицира работите и во последното коло ќе треба да го победи Рен, за да ја помине групната фаза од најслабото натпреварување на УЕФА.

Мура, која моментно е на петтото место во првенството на Словенија, со голот на Мароса во 94-тата минута стигна до историска победа за овој клуб шокирајќи го англискиот гигант.

Во Тотенхем од пред неполн месец на тренерското место дојде Антонио Конте. Славниот италијански стратег не можеше да верува дека неговиот тим загуби од Мура, која до пред ова коло имаше наредено четири порази.

„Дури сега почнувам да ја сфаќам ситуацијата во каков клуб дојдов. Воопшто не е лесно. Тотенхем во моментов не е врвен тим. Мило ми е што сум тука, но ќе биде потребно многу работа и да се засили квалитетот на екипата“, рече Конте, кој на клупата на Тотенхем седна на местото на Нуњо Еспирито Санто.

- Оглас -

Најнови вести