Откажан еден меч од Лигата на Европа, а причината не е Коронавирусот!

Дуелот меѓу Салцбург и Ајнтрахт Франкфурт кој требаше да се игра вечерва од 21 часот, е одложен. Дуелот е одложен поради најавеното големо невереме и силните ветрови кои ќе го зафатат вечерва овој дел на Австрија. Засега нема информација кога ќе се одигра овој реванш-дуел кој треба да даде еден патник во следната рунда од Лигата на Европа.

„Поради моменталниот аларм за големо невреме вечерва, во кое се најавуваат и ветрови со брзина и до 120 километри на час, мораше да се одложи натпреварот од Лигата на Европа меѓу Салцбург и Ајнтрахт Франкфурт“, стои во официјалната информација од тимот на Ајнтрахт.

Германскиот тим има предност од 4:1 по првиот меч кој се играше во Франкфурт.

 

- Оглас -

Најнови вести