Евролигата потврди дека мечот меѓу Асвел и Црвена ѕвезда, кој беше закажан за утре во рамките од четвртото коло, нема да се одигра поради голем број активни случаи на ковид-19 во редовите на францускиот тим.
Асвел не може да обезбеди минимум осуммина здрави играчи за да го одигра мечот според протоколот на лигата, па следна постапка на Евролигата е да додели службен триумф за белградскиот состав со 20-0.
Поради тие причини, Зенит не отпатува за Шпанија, каде што во две кола требаше да гостува кај Валенсија и Басконија, па според протоколот, им беа доделени службени победи на шпанските екипи, иако тимот од Санкт Петерсбург поднесе молба за мечевите да се одложат за друг термин.