Отказот за Конте е спремен, ќе биде потпишан деновиве!

Антонио Конте до крајот на неделава ќе го раскине договорот со Тотенхем, најавуваат некои англиски медиуми.

По прес-конференцијата на која Конте „плукаше“ по играчите, а го навреди и клубот со тоа што го нарече губитнички, просто невозможно е Италијанецот и по репрезентативната пауза да остане тренер на Петлите од Лондон.

Се чини дека Конте го направи тоа што и Кристијано Роналдо во ноември со Манчестер јунајтед. Веројатно беше решен да си оди од Тотенхем, па најде начин со тоа што истрела отровни стрели по својот клуб, знаејќи дека нема да му простат и ќе му го раскинат договорот.

По заминувањето на Конте, кој веќе е во Италија, улогата на менаџер до крајот на сезонава треба да ја има Рајан Мејсон. Следниот меч на Тотенхем е на 3 април против Евертон.

- Оглас -

Најнови вести