Откриено е како се скараа Роналдо и Мендеш, Португалецот го барал невозможното од суперагентот

Суперагентот Жорж Мендеш, кој повеќе од две децении се грижеше за кариерата на Кристијано Роналдо, од оваа зима повеќе не соработува со Португалецот, а медиумите полека почнуваат да ги откриваат причините за разделбата.

Пред конечно да се разделат, Мендеш и Роналдо во минатото имале уште две караници кои успеале да ги надминат.

Првата голема караница меѓу суперагентот и фудбалерот се случила во 2018 година, кога Мендеш побарал од Португалецот да остане во Реал Мадрид. Но, Роналдо одлучи да си замине од „Сантијаго Бернабеу“ и да потпише за Јувентус.

Втората кавга беше одлуката на Роналдо во 2022 година да се врати во Манчестер јунајтед. Мендеш бил против оваа идеја бидејќи сметал дека враќањето на „Олд Трафорд“ ќе биде голема грешка, што на крајот и така испадна.

Сепак, до конечна разделба меѓу Роналдо и Мендеш дојде зимава. Шпанските медиуми откриваат дека пукнало со порака на фудбалерот која му ја испратил на својот агент, а која гласела:
„Обезбеди ми договор со Баерн или Челзи или ја завршуваме приказната“.

Одговорот на Мендеш бил краток:
„Ти си луд“.

По ова, Роналдо одлучил да ја прекине соработката со Мендеш и сам да си најде клуб по заминувањето од Манчестер јунајтед.

Бидејќи не можеше да најде клуб во Европа со кој би играл во Лигата на шампионите, одлучи да го потпише најголемиот договор во историјата на фудбалот, и тоа со саудискиот Ал-Наср.

Роналдо во следните две и пол години од Ал-Наср ќе заработи неверојатни 500 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести