Радомир Антиќ вчера ја загуби најважната битка, битката за живот. Легендарниот српски тренер умре во Мадрид на 71-годишна возраст. Смртта на Антиќ е во време кога во Шпанија дивее опасниот Коронавирус, но тој вирус не е причина за смртта.
Човекот кој точно пред 10 години беше предводник на репрезентацијата на Србија на Светското првенство во Јужна Африка, веќе подолго време бил во болница. Имал проблеми со црниот дроб и панкреасот, а тие проблеми се влошиле во последните два-три месеци.
Антиќ починал во болница во Мадрид од сепса, а првата информација ја објавија од Атлетико Мадрид.