„Отпишаниот“ Кутињо приреди спектакл на „Вила парк“ (Видео)

Филипе Кутињо се покажува како погодено засилувања за Астон вила. Тој вечерва во првото полувреме блеска против Лидс во суперинтересен меч од Премиер лигата, на кој по првите 45 минути, резултатот е 3-2.

Бразилецот, кој беше непотребен во Барселона, го даде првиот гол, а потоа имаше две асистенции за двата гола на Џејкоб Ремзи.

Тренерот Стивен Џерард, кој има играно заедно со Кутињо во Ливерпул, добро ги знае квалитетите на Кутињо и го донесе во зимскиот преоден рок, што се покажува како одличен потег.

- Оглас -

Најнови вести