Отсервира најлуд ас во историјата на тенисот, па му се извини на противникот (Видео)

Кога ветерот ќе ги вмеша прстите, тешко е да се игра тенис на отворено бидејќи топчето може да има неправилни движења. Класичен пример за ова се случи на дуелот помеѓу Максим Креси и Кристофер Јубенкс на Мастерс турнирот во Индијан Велс.

Во вториот сет, Креси сервираше, а ветерот ги изненади и него и противникот. Резултатот беше ас и поен за Креси, иако делуваше дека топчето ќе заврши далеку во аут. Ветерот придонесе за чудна траекторија на топчето. Креси му се извини на својот противник за овој случаен ас.

Погледнете го неверојатниот потег:

- Оглас -

Најнови вести