Соработката на Горан Иванишевиќ и Новак Ѓоковиќ може да се прошири со тоа што хрватскиот патриот би бил во улога на селектор на српската репрезентација на претстојниот АТП куп кој почнува на 1 јануари и ќе се игра во Австралија, најавуваат некои хрватски и српски медиуми.
Иванишевиќ е тренер на најдобриот светски тенисер и заедно со Ѓоковиќ се главни кандидати да го наследат Виктор Троицки, кој најверојатно нема да биде на чело на националниот тим. Иванишевиќ ќе биде во Австралија во тој период, па можеби ќе се согласи да ги води Ѓоковиќ и другарите ако Новак го побара тоа од него.
Иванишевиќ во 2019 година изјави дека балканските спортисти успешно може да ги тренира само Балканец.