Ова е шанса за Лацио: Роналдо не е во стартните 11 на Јувентус!

Италијанскиот првак Јувентус е без првата ѕвезда, Кристијано Роналдо за дуелот против Лацио. Тренерот Андреа Пирло реши Роналдо да биде на клупата за резерви, а во нападот да им даде шанса на Мората и Кулушевски.

Старата дама ќе игра во формација 4-4-2, но фактот дека меѓу стартерите го нема најдобриот играч, дава шанса за Лацио да се надева дека нема да загуби.

Лацио ќе игра со засилен среден ред, каде ќе има петмина играчи, а во нападот задолжени за погодоци ќе бидат Имобиле и Кореа.

 

- Оглас -

Најнови вести