Американската фудбалска лига, популарно наречена МЛС, организираше олстар-натпреварување, како што традиционално има во НБА и НХЛ лигите. Во натпреварувањето на покажување на фудбалските вештини, играчите од МЛС играа против фудбалерите од Лига МХ (најдобрата лига во Мексико).
Најдобрите поединци од овие две лиги ги покажаа своите вештини во повеќе дисциплини, а на крајот, по голема драма, се радуваа гостите од Мексико.
Неколку чудни натпреварувања го привлекоа вниманието. Имаше пет дисциплини, и тоа: шутеви по одиграна акција, волеј предизвик, натпреварување во додавање, примен на топка и на крајот гаѓање на пречка. По првите четири дисциплини, резултатот беше 2:2, па мораше да се решава со погодување на пречката.
Одлуката за конечен победник падна дури по продолженија, затоа што во оваа дисциплина резултатот беше 25:25, а на крајот Мексиканците славеа со ударот на Џонатан Родригес.

