Ова ни УЕФА не можеше да го утне – Херојот на Динамо Загреб е играч на колото во ЕЛ (Фото)

Мислав Оршиќ го одби признанието на УЕФА за играч на колото во осминафиналните дуели во Европа Лигата, а херојот на Динамо Загреб ги победи Борха Мајорал, Давид Нерес и Џерард Морено и тоа заслужено.

Напаѓачот на Динамо приреди ретко видено фудбалско шоу на „Максимир“ и со три гола ги полуде одбранбените играчи на Тотенхем и голманот Уго Љорис и му овозможи на Динамо да приреди чудо и да го елиминира фаворитот.

Првиот и последниот гол на 25-годишниот напаѓач на Динамо беа вистински ремек-дела, наградени и со подвиг и пласман во четвртфиналето во Европа Лигата и сега со признанието од УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести