Ова ретко се гледа, ефектен нокаут во последна секунда (Видео)

Кошевите во кошарка или голови во ракомет за победа во последна секунда се паметат долго, и секогаш се при врвот на листите на најдобри потези, а кога тоа ќе се случи и во боречките вештини, тогаш нокаутот навистина е посебен и треба да се види.

На синоќешниот дуел од УФЦ 250 настанот во Лас Вегас, Коди Гарбрант го нокаутираше Рафаел Асунсао во буквално последната секунда од втората рунда. Американецот уште во првата рунда му зададе тешки удари на Бразилецот, но тој добро се држеше на нозе додека не почна отворена борба во финишот на втората рунда. Таман да се огласи сирената за крај на втората рунда, Гарбрант со десната рака му зададе фатален удар на својот противник.

Асунсао се најде на подот и тука беше крајот на борбата. Погледнете:

https://twitter.com/i/status/1269476357123330053

- Оглас -

Најнови вести