Ова ретко се гледа, погоди пет ремија на ракометни натпревари и заработи речиси 1,6 милион денари!

Експерт за ракомет се појави во објект на Sport Life во скопска Кисела вода. Во објектот К. Вода 4 уплати по 20 денари на три тикети (од кои два со ваучери) со истите парови на кои бркаше нерешени резултати на ракометни натпревари. Ризикот му се исплатеше, а и среќата беше на негова страна, па може да се пофали дека викендов му беше незаборавен.

Добивката на трите тикети не е иста (тикетот уплатен во петокот е со малку поголеми квоти од двата саботни), но кога ќе се соберат сите три добивки, се доаѓа до фантастична сума која му е исплатена од 1.592.795 денари.

Натпреварите на кои се типувани нерешени резултати, се играа викендов, а беа од германската Бундеслига и шпанската Асобал.

На дуелот Ерланген – Хановер Бургдорф, домашните имаа предност од 17-13, па гостите свртеа на 18-19, во финишот Ерланген се спасуваше од пораз и извлече 21-21.

Рајн-Некар Левен и Фленсбург одираа 31-31, иако на полувреме беше 19-13 за домашните. Но, почетокот на вториот дел тотално им припадна на гостите и потоа до крај се играше гол за гол. Гепинген и Бергишер ремизираа 26-26, во тесен меч во кој никој немаше повеќе од два гола предност во второто полувреме.

Шпанските нерешени исходи беа на натпреварите Пуерто Сагундо – Гвадалахара (23-23) на полувреме 12-15) и Вилја де Аранда – Синфин 28-28.

Квотите се големи, од 7 нагоре, па затоа и добивките се одлични. Некогаш кога во фудбалот резултатите не излегуваат како што сте се надевале, обидете се и со типување на друг спорт, можеби ракомет, како играчот од Кисела Вода, кому му се исплатеше тоа.

- Оглас -

Најнови вести