Ова стана циркус, сега Србите во име на Јокиќ им се закануваат на браќата Морис (Фото)

На „Твитер“ се појави налог со ник „Браќата Јокиќ“, од кој се возвраќа на заканите што браќата Маркус и Маркиф Морис му ги испратија на Никола Јокиќ, по инцидентот на мечот меѓу Денвер нагетс и Мајами хит.

Очигледно е дека Јокиќ нема врска со овој налог на „Твитер“, но Американците сериозно ја сфатија работата и најавија дека ќе бидат претпазливи.

Ноќеска Јокиќ постапи неспортски и во финишот на мечот меѓу Денвер и Мајами, кога мечот веќе беше решен, го турна Маркиф Морис на паркетот со удар од зад грб и за тоа го очекува казна.

Претходно Морис грубо стартуваше на српскиот центар, но потегот на Јокиќ е непримерен. Потоа Јокиќ се извини со изјава дека не требало да реагира на тој начин.

Во целиот калабалак се јави и братот на Маркиф, Маркус Морис, кој игра за Лос Анџелес клиперс, со објава на „Твитер“ со која му најави реванш на Јокиќ.

https://twitter.com/MookMorris2/status/1457950068862902272?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести