Овермарс ја спушти рампата за Тен Хаг и Баерн

Марк Овермарс му порача на Баерн Минхен да не се надева на трансфер на тренерот Ерик тен Хаг во летниот преоден рок, па Баварците веројатно ќе мораат да бараат друго чаре како замена за привремениот тренер Ханси Флик.

Флик секако ќе остане кај Баварците до крајот на оваа сезона, но германскиот гигант го планираше одличниот стратег на Ајакс како замена за подолг период во иднина.

„Портата за Ерик е затворена. Сигурно нема да го пуштиме, иако знаеме дека за него има интерес од големите европски клубови. Тој е одличен тренер и му треба на Ајакс“, изјави Овермарс за холандски „Де Телеграф“.

Со Тен Хаг на кормилото лани Ајакс блескаше и освои три домашни титули, а играше и во полуфиналето на Лигата на шампионите, каде беше елиминиран во трилер двомеч од Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести