2.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Овојпат овации за Ѓоковиќ во Грција, попопуларен е во Пиреа отколку во Атина (Видео)

Олимпијакос загуби дома од Монако со 87-92 во евролигашки меч кој беше збогатен со присуство на славниот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Во ложата на салата „Мир и пријателство“ во атинското предградие Пиреа беше српскиот тенисер кој овојпат доби овации од публиката, за разлика од синоќа, кога беше исвиркан од фановите на Панатинаикос во Атина. Новак е навивач на Црвена ѕвезда, чии поддржувачи се збратимени со тие на Олимпијакос, затоа беше и негодувањето синоќа, кога се појави на евролигашки меч на Панатинаикос.

Ѓоковиќ најави дека ќе живее во Атина, почна почесто да го посетува главниот град на Грција, каде што го пресели и турнирот „Србија опен“, за кој има лиценца, а според односот на навивачите кон него, можеби подобро да најде дом во Пиреа отколку во срцето на Атина.

- Оглас -

Најнови вести