Па, нормално дека експертот за одбрана ќе најде начин како да се спречи Ливерпул

Многумина се изненадија како Ливерпул од несовладлив тим успеа да загуби три од последните четири меча во сите натпреварувања. За актуелниот европски првак работите се свртеа наопаку по поразот од Атлетико Мадрид од 1-0 во првата пресметка од осминафиналето во Лигата на шампионите. Јорганџиите постигнаа гол, а потоа се наредија пред Јан Облак креирајќи непробоен ѕид од шест дефанзивци.

Невообичаената тактика на Диего Симеоне, односно распоредот на неговите играчи во одбрана при формација 6-3-1 издејствува успешно. Атлетико се затвори по што Црвените не можеа да ја пробијат цврстата дефанзива.

Знаејќи дека стратегијата е успешна, менаџерите на Ватфорд и Вест хем, Најџел Пирсон и Дејвид Мојс одлучија да го копираат аргентинскиот стратег. На Стршените им успеа, триуфмираа со 3-0 и му го нанесоа првиот пораз на Ливерпул во Премиер лигата, додека Чеканите иако имаа водство на „Енфилд“ не го задржаа истото и загубија со 3-2.ж

Во среда е закажан реваншот меѓу Ливерпул и Атлетико, а нема сомнежи дека Јорганџиите ќе користат слична тактика за да обезбедат пласман во топ 8 фазата.

- Оглас -

Најнови вести