Падна како „покосен“: Страшен нокаут на бокс меч во Лондон (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Калум Смит му зададе стравичен нокаут на Лени Кастиљо. На вечерашната борба во полутешка категорија, во Лондон, боксерот од Британија со еден удар го „покоси“ ривалот, кој по падот неконтролирано се тресеше.

Сосема очекувано, борбата беше прекината а Кастиљо е веднаш префрлен во болница, за среќа тој е во добра состојба, иако врз него ќе бидат направени голем број на лекарски испитувања. За него ова е четврти пораз во професионалната кариера, и веројатно најтежок, а има и 24 победи.

Од друга страна, пак, Смит има скор од 28 триумфи и само еден пораз во оваа категорија.

Предупредуваме дека видеото има вознемирувачка содржина.

https://twitter.com/SportySuz20/status/1441842492702220296

- Оглас -

Најнови вести