Падна од трет спрат на трибината, чудо го спаси (Видео)

Познато е дека атмосферата на стадионите во Јужна Америка е со посебна магија. Во еуфоријата создадена од добрата атмосфера, еден навивач на Сао Паоло за малку ќе загинеше.

На дуелот меѓу Сао Паоло и Гремио, еден навивач на домаќините падна дури од третиот спрат од трибината на стадионот. За чудо големо, 23-годишниот Лаго де Мело Риос, не само што остана жив, туку помина без посериозни повреди.

При падот, Лаго удрил во 13-годишно девојче кое за среќа не е повредено. Лаго заработил само скршеница на Бедрената коска, иако се работи за страшен пад од 10-тина метри директно во делот каде што има други гледачи.

https://twitter.com/i/status/1167816322970980353

- Оглас -

Најнови вести