Дома Blog Страница 100

Реал Мадрид кикисраше на свој терен против каталонскиот ривал

Раал Мадрид киксираше на свој терен и одигра само 1:1 против Жирона во меч од 31. коло во шпанската Примера дивисион. Кралскиот клуб беше голем фаворит за освојување на трите бода, но Жирона одлично се покажа на „Сантијаго Бернабеу“ и гостите останаа непоразени.

По овој освоен бод, Реал Мадрид сега има 70 бодови, шест помалку од лидерот Барселона, кој треба да одигра натпревар против Еспањол. Жирона сега има 38 бодови и е на 12 место на табелата во шпанското првенство.

По првото полувреме немаше погодоци, а во вториот дел, радост за навивачите на Реал Мадрид донесе Ванверде со погодокот во 51 минута. Откако Реал поведе со 1:0, изгледаше дека фаворитот ќе стигне до трите бода, но Лемар со погодок во 62 минута ги изненади домашнит ефанови и погоди за 1:1, што на крајот се покажа како конечен резултат.

 

Рома во јануари доби чудо од напаѓач, кој сега е на исто ниво со Хари Кејн (Видео)

Екипата на Рома без многу проблеми славеше на „Олимпико“ во Рим против Пиза, во меч од 32. коло во италијанската Серија А. Со овој триумф Рома сега стигна до 57 бодови, колку што има и петопласиранот Јувентус, но Старата дама утре гостува кај Аталанта во Бергамо. За разлика од Рома, тимот на Пиза останува на дното на табелата со само 18 бодови и само теорија останува овој клуб да се спаси од испаѓање.

Херој на Рома е Дониел Мален, кој постигна хет-трик. Холандскиот напаѓач во средината на јануари пристигна во Рома од тимот на Астон вила и се покажува како одлично засилување. Мален вечерва постигна три погодоци за три бода на Римската волчица.

Мален прво погоди во третата минута за водство од 1:0, а во 43 минута зголеми  на 2:0. Сите дилеми околу победникот мален ги реши со погодокот во 52 минута, кога и комплетираше „хет-трик“. Откако работата беше завршена, Мален беше повлечен од игра во 78 минута.

Откако пристигна во Рома, Мален вкупно постигна 11 голови. Ако се погледнат најдобрите пет лиги во Европа, Мален со 11 погодоци е на делба на првото место со Хари Кејн кој во истиот период има постигнати 11 погодоци за Баерн Минхен. Ниту еден друг играч во Топ 5 лигите нема дадено толку многу погодоци во 2026 година.

Гвардиола кажа која е мисијата на Сити до крајот на сезоната, делува невозможна

Манчестер сити има сезона која не е според посакувањата на тренерот Пеп Гвардиола, барем засега. Иако Сити не е во пол-позиција за освојување на титулата во Премиер лигата и заостанува дури девет бодови зад лидерот Арсенал, тренерот на Граѓаните не се предава.

„Се надевам дека ќе можеме да освоиме многу бодови до крајот на сезоната. Ситуацијата во која се наоѓаме во Премиер лигата бара од нас да освоиме секој бод што можеме. Инаку, не можеме да продолжиме да се бориме до крајот. Не бевме доволно константни оваа сезона. Изгубивме бодови што можевме да ги освоиме и затоа сега сме во позиција каде што не можеме да си дозволиме да правиме грешки. Мора да победиме на секој натпревар до крајот на сезоната“, рече Гвардиола.

Оваа мисија на Гвардиола делува како невозможна, а првиот предизвик на Сити е дуелот против Челзи на гости во Лондон.

Ди Канио суров кон италијанскиот фудбал вели дека во Јувентус има играч кои во странство не можат да играат во најсилните екипи

За Паоло Ди Канио се вели дека е една од највпечатливите и најконтроверзни личности во италијанскиот фудбал. Поранешниот напаѓач на Милан, Лацио и Вест Хем никогаш не бил од оние што ги ги кажуваат работите во завијана форма, па едноставно неговите ставови секогаш привлекуваат големо внимание. Ди Канио имаше интервју за „Кориере дела Сера“. во кое направи немилосрдна споредба на италијанското првенство со неговата омилена англиска Премиер лига. Ди Канио го започна својот напад од врвот на италијанските клубови

„Нашите претседатели се опкружени со невротични личности кои немаат поим за вредноста на своите тимови“. Според поранешниот централен напаѓач, големите клубови во земјата страдаат од вистинска фудбалска шизофренија, во која размислуваат само врз основа на старата слава, а не според нивната вистинска вредност. Оваа теза беше поткрепена со анализа на деликатната ситуација во која се наоѓа Јувентус: „Велат дека Јуве мора да победи, но како можат да го сторат тоа кога имаат играчи кои би играле во тимови од средината на табелата во странство?“

Ди Канио го коментираше и неуспехот на репрезентацијата на Италија, која трет пат во низа нема да биде дел од Светското првенство.

„Ни треба некој како Конте, кој веќе знае за што станува збор. Се навикнуваме на просечноста, се огорчуваме и два дена подоцна повторно зборуваме за италијанските играчи како да се најсилни на светот“, рече Ди Канио.

Дресовите со кои БиХ ќе игра на СП веќе се распродадени, а никој не знае како ќе изгледаат

Шпанскиот производител на спортска опрема „Келме“ ги распродаде сите дресови на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина за Светското првенство, иако сè уште не е познато како ќе изгледа дресот за планетарниот собир Неверојатна еуфорија ја зафати Босна и Херцеговина по пласманот на фудбалската репрезентација на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.

БиХ во баражот за пласман на СП 2026 ја елиминираше фаворизираната Италија и сега започнуваат подготовките на навивачите кои ќе заминат „преку океанот“ да ја бодрат репрезентацијата.

Она што е познато е дека специјални дресови за Светското првенство за репрезентацијата на БиХ ќе ги изработи сегашниот спонзор Келме, спортска марка која на Светското првенство ќе биде застапена и преку дресот на репрезентацијата на Јордан.

Фактот дека Змејовите дознале дека одат на Светското првенство дури по неодамна завршените плејоф натпревари доведе до фактот дека сè уште не е познато како ќе изгледа дресот на „Змејовите“ за Светското првенство.

На официјалната веб-страница на Келме, кога ќе влезете во делот со дресови од Светското првенство во БиХ, пишува „распродадено“, што значи дека сите се распродадени во сите големини.

Цената на дресот е 100 евра, а како ќе изгледа ќе биде познато следниот месец.

Кој е најдобриот на сите времиња, Мајкл Џордан или Леброн Џејмс? Еве што вели статистиката…(Фото)

Вечната дебата, кој е подобар, Мајкл Џордан или Леброн Џејмс? Бројките кажуваат едно, емоциите друго, а статистиката има своја верзија.

Нема дебата во спортот што се води толку долго и толку жестоко, а сепак со толку мала шанса некогаш да заврши: кој е најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан или Леброн Џејмс? Две генерации, два стила на игра и два различни погледи на доминација.


Секој љубител на кошарката има подготвен одговор и ретко кој го менува своето мислење, без разлика на аргументите. А што се случува кога емоциите ќе се тргнат на страна и ќе се погледнат само бројките?

На хартија, разликите се јасни. Џордан постигнува повеќе поени по натпревар и има подобар одбранбен ефект. Леброн, од друга страна, носи долговечност и универзалност: повеќе од 1600 натпревари, со повеќе скокови и асистенции. И шутот дополнително ја компликува приказната. Џордан почесто погодува од игра, додека Леброн е подобар за три поени. Сè има смисла. Но, ништо не е доволно за конечна пресуда.

Зашто оваа расправа никогаш не била само за бројки. Џордан за голем дел од навивачите е речиси митска фигура, го гледале на видео касети, слушале приказни од повозрасен брат и наследиле убедување дека никој никогаш нема да игра така.

Леброн е нешто сосема друго: играч што го следиме во реално време од првиот ден, чии приказни се споделувале како лични. Од заминувањето од Кливленд, преку Мајами, па сè до Лос Анџелес.


Едниот е идол на многу актуелни кошаркари, другиот е вечен и неуништлив – и токму затоа секоја генерација останува цврсто на својата страна.

Алкарас испиша историја, ова не им успеало ниту на Ѓоковиќ, Федерер, Надал…

Најголемите фаворти во светот на тенисот Карлос Алкарас и Јаник Синер обезбедија место во полуфиналето на Мастерс турнирот во Монте Карло. Синер со 6:3 и 6:4 го победи Феликс Оже-Aлијасим, а без проблеми беше и Алкарас кој беше подобар од Александер Бублик со 6:3 и 6:0.

Алкарас со победата на Бублик испиша историја. Тој стана само третиот тенисер кој стигнал до 300 победи во кариерата пред да наполни 23 години. Со ваков подвиг не може да се пофалат ниту Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал, а Алкарас влезе во друштво на легендарните тенисери Род Лејвер и Џими Конорс, кои досега беа единствени во Опен ерата што имале 300+ победи пред да наполнат 23 години.

Шпанецот кој уште има 22 години до 300 победи стигна во 367 одиграни мечеви. На Џими Конорс му беа потребни 365 средби за да стигне до 300 победи пред да наполи 23 години, додека Род Лејвер до 300 победи стигна во само 355 меча.

Од останатите тенисери кои најбрзо стигнале до 300 победи во профи тенисот тука се Џон Мекинро во 367 натпревари, а потоа следат и Рафаел Надал (373 меча) и Борис Бекер (374 меча).

Европската држава со само 34.000 жители формира фудбалска репрезентација

Фудбалсите семејства на УЕФА и ФИФА ќе се прошират, откако е најавено создавање на уште една репрезентација. Една од најмалите земји во светот, Сан Марино формираше женска сениорска фудбалска репрезентација.

Веќе со години, машката фудбалска репрезентација е на последното место на ФИФА листата и важи за најслабата селекција во светот, а од сега ќе има свој преставник на ФИФА листата и во женска конкуренција.

Сан Марино е земја која има едвај 34.000 жители и е опкружена со Италија. Првично, репрезентацијата на Сан Марино ќе започне со настапи во најслабата група од Лига на нации, а наскоро се очекува да дебитира и во квалификации за големи натпреварувања. Јасно е дека против кого и да играат, фудбалерките на Сан Марино ќе бидат аутсајдери.

Честа да биде прв селектор на жеснакат фудбалска репрезентација на Сан Марино ќе биде Џулија Доменичети. Во план е формирање и на селекции на У19 и У17, што само е најава дека започнува ерата на една нова европска фудбалска репрезентација во женска конкуренција.

Нов малер за Тотенхем: Заврши сезоната за Мохамед Кудус

Тотенхем доби лоши вести во трката за опстанок во Премиер лигата. Мохамед Кудус доживеа компликации во процесот на опоравување од повреда, со што дополнително се усложни неговата сезона, но и настапот на Светското првенство.

Репрезентативецот на Гана е надвор од терените уште од јануари поради повреда на квадрицепсот, а првично се очекуваше да се врати во март.

Кудус неодамна почна со тренинзи со тимот, што донесе оптимизам дека неговото враќање е блиску. Сепак, од клубот сега потврдија дека се појавил нов проблем.

„Можеме да потврдиме дека Мохамед Кудус има компликации во опоравувањето. Се врати на тренинзи минатата недела, но сега ќе бидат потребни дополнителни прегледи, а можно е и оперативно лекување“, соопштија од Тотенхем.

Клубот не прецизираше колку долго ќе отсуствува, но според достапните информации, паузата може да трае и до три месеци доколку биде потребна операција. Ова значи дека сезоната за него е завршена.

Оваа вест е голем удар и за репрезентацијата на Гана пред Светското првенство. Кудус е еден од клучните играчи на националниот тим, за кој има 13 голови во 46 настапи, и сега се наоѓа во трка со времето за да биде подготвен за Мундијалот.

НБА маратон во Полноќниот експрес (Фото)

Полноќниот експрес има неверојатна понуда. Дури 15 натпревари од НБА лигата се на програмата во претстојната ноќ, и се разбира, имаат свое значајно место во понудата на Sport Life.

Бостон селтикс и Сан Антонио спарс се големи фаворити пред своите гледачи, а се очекува триумф и на Орландо меџик на гости кај Чикаго.

Има многу зицери, огромна понуда, но исто така и тимови кои би можеле да направат изненадување што ќе го поддржите. Изборот е ваш…