Дома Blog Страница 99

Ливерпул конечно ќе добие меч во Премиер лигата

3004 Милан – Удинезе (18.00 часот)

Милан со победа би преноќил на второто место на табелата во Серија А. Росонерите дома имаат само два порази, а Удинезе има шест гостински победи. Удинезе во претходните три кола играше мечеви со 0-2 гола, а Милан имаше два порази во изминатите три кола, но тоа беа дуели на гостински терен. Есеноска во Удине, Росонерите победија со 3-0. Последната победа на Удинезе над Милан беше во 2023 година на „Сан Сиро“, а нерешено на меѓусебните дуели на овие два тима не било уште од февруари 2022.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.19)

 

1005 Ливерпул – Фулам (18.30 часот)

После 31 кола, Ливерпул има само пет бодови повеќе од Фулам. Црвените освоија само еден бод во последните три кола, а денеска ќе треба малку и да чуваат дел од силите за средбата со ПСЖ од Лигата на шампионите. Ливерпул е далеку од трка за титулата, сега борбата му е да биде во топ 5 и да игра во ЛШ следната сезона. Фулам е тим со најмалку ремија во Премиер лигата сезонава, и тие се едни од послабите гости во лигата, иако се поправија и освоија четири бода на последните две гостувања. Во јануари кога овие два тима се сретнаа во Лондон, резултатот беше 2-2, иако до 93-та минута беше 1-1. Ливерпул од крајот на февруари нема победа во Премиер лигата.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.75)

 

1304 Барселона – Еспањол (18.30 часот)

Еспањол во 2026 година уште нема победа во Ла Лига, па чудо би било ако останат непоразени на „Камп Ноу“. Барса со мислите е на реваншот со Атлетико, ќе има калкулации со составот, ќе пробаат да победат без премногу да се потрошат, но од друга страна ова е градско дерби и не смеат пак да ги разочараат своите фанови. Барса дома има максимални 15 победи на досегашните 15 меча. И традицијата е апсолутно на страна на домашните, Еспањол 17 години нема лигашка победа над Барселона.

Предлог тип: 1-1 (1.82)

 

3005 Аталанта – Јувентус (20.45 часот)

Ова е дуел за местата кои водат во ЛШ, Јуве е петти со четири бода повеќе од Аталанта. Тимот од Бергамо има две победи по ред, откако испадна од ЛШ, сега е фокусиран само на Серија А. Аталанта има 11, а Јуве 9 ремија сезонава. Божицата дома ретко губи, а Старата дама е променлива на гостувањата. Јуве скоро два месеци нема лигашки пораз. Есеноска во Торино беше 1-1, а во февруари се сретнаа и во Купот, Аталанта победи со 3-0.

Предлог тип: Х било кога (1.90)

 

1305 Севилја – Атлетико М. (21.00 часот)

Севиља има три порази по ред, се бори за опстанок, само два бода е над опасната зона, а ова им е убава прилика за победа, иако ривалот е силен. Сепак на Атлетико овој меч не му значи, ќе мислат на вторник и реваншот во ЛШ со Барса и тоа е шансата на Севиља. Атлетико има два порази по ред во Ла Лига, но не може да паднат подолу од четвртото место на табелата. Атлетико има дадено, а Севилја примени 50 голови сезонава. Севилја речиси три месеци не победила дома, само Леванте е послаб домаќин од нив.

Предлог тип: & 2+ (1.90)

Бундеслигашка квота од 100.0 го предводи Бет билдерот

Со дневни миксови за четирите најсилни лиги во Европа и комбинации со двоцифрени квоти за осум натпревари во кои играат најголемите денешни фаворити, е составена Бет билдер понудата на Sport Life.

Најмалите квоти се 13.0, а најголема е 100-ката за Бундеслигата. Овој Бет билдер со коефициент 100.0 ќе биде добитен ако на секој од денешните пет меча во германската лига има барем три гола, барем два картони, 8 или повеќе шутеви во рамки на гол и осум или повеќе корнери.

Sport Life со блескава понуда, дури 80 зголемени супер тип квоти

Кога има 16 фудбалски натпревари со по пет зголемени квоти на фаворитите кај секој од тие мечеви, јасно е дека Супер тип понудата на Sport Life не смее да се заобиколи денеска.

Меѓу 80-те зголемени квоти има многу кои ќе бидат добитни, ваше е само да одлучите што ќе одиграте и што ќе искористите како џокер за подобрување на можната добивка. Поголеми квоти за овие игри нема да најдете, а на списокот се Арсенал, Милан, Ливерпул, Баерн, ПСВ, Ајакс, Фенербахче кои се меѓу омилените екипи на редовните обложувачи.

Неверојатен гол во Унгарија, збунет беше и стрелецот кој се извинуваше (Видео)

Екипата на ДВТК водеше 1-0 против Ференцварош и се надеваше на чудо, но во 50-та минута домашните изедначија со случаен гол и тоа им го отвори патот до пресврт, па на крај унгарскиот првак триумфираше со 3-1.

Резервистот Елтон Аколатсе кој влезе на терен на почетокот на второто полувреме, ја нафрли топката, но таа имаше многу чудна траекторија и ги изненади сите, најмногу голманот на ДВТК кој беше сигирен дека топката оди над голот, и заврши во мрежата. И стрелецот беше збунет и ги крена рацете во знак на извинување со што докажа дека намерата не му била да шутне туку да нафрли. Плус тоа, Аколатсе е поранешен играч на ДВТК, па можеби се извинуваше и поради тоа.

Интересни комбинации носат квоти на денот со вкупен коефициент од речиси 45

Вкупна квота од 44.68 се нуди во денешните пет квоти на денот во Sport Life, а како и секоја сабота и сега има атрактивни мечеви кои се привлечни за обложувачите.

Квота од 1.95 се нуди за Арсенал да постигне барем два гола против Борнмут, со тоа што Топчиите мора да дадат гол и во прво полувреме.

Супер квота од 2.55 ќе привлече многумина кои сакаат да се обложат на Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен, а не знаат што да одиграат. Предлогот со квота 2.55 е комбинација да падне гол во прво полувреме и да има 4+ голови на целиот меч.

Ако верувате дека на Лајпциг – Борусија Менхенгладбах ќе има повеќе голови во второ отколку во прво полувреме, тука е Sport Life со квота од 2.20 за оваа игра.

Реално добитна може да биде и квотата на денот од 1.90 за Аталанта – Јувентус, само треба на полувреме или на крај да биде нерешено.

Последниот предлог ќе им се допадне на сите кои мислат дека на Севилја – Атлетико Мадрид нема да има повеќе од два гола, а за добитна квота од 2.15 треба и барем едниот тим да не постигне гол.

Денеска сите во Монте Карло ќе навиваат против Карлос Алкарас

Денешните полуфиналиња на Мастерсот во Монте Карло може да донесат промена на врвот на АТП листата која ќе биде објавена в понеделник.

Прво Јаник Синер игра со Александер Зверев, а потоа во другото полуфинале се среќаваат Карлос Алкарас и Валентен Вашеро. Првите двајца носители се фаворити и можно е да имаме супер финале кое ќе решава за тронот на АТП листата. Но, ако денеска Синер победи, а Алкарас загуби, тогаш секако Италијанецот ќе биде број 1 од понеделник.

Алкарас лани го освои овој Мастерс и брани 1.000 поени, но ќе биде под притисок денеска, особено ако претходно Синер слави против Зверев. Вашеро настапува под знамето на Монако, миленик е на домашната публика и на Шпанецот нема да му биде лесно да победи, иако важи за голем фаворит на хартија.

Во Реал се бесни: Мбапе целиот во крв, но за судиите тоа не е фаул за пенал (Видео)

Реал Мадрид се мачеше синоќа против Жирона, на крај одигра само 1-1 и практично се откажа од борба за титулата во шпанската лига, а во финишот имаше еден спорен момент кој предизвика многу полемики.

Килијан Мбапе доби удар со лакт во пределот на лицето во 16-никот на гостите и беше раскрвавен, но судијата не досуди пенал и во Реал се налутија поради таа одлука. Ниту од ВАР собата немаше повик до главниот судија да погледне снимка од моментот.

„За мене, ова е казна тука и на Месечината. Но, ова е она што го имаме и ова е она со што мора да живееме. Заминувам со чувство дека, иако не беше нашиот најбрилијантен натпревар, очигледно требаше да победиме“, рече тренерот Алваро Арбелоа.  

Судијата немаше да погреши ако покажеше на белата точка и му дадеше шанса на Реал да победи, но некои судиски експерти сметаат дека проблемот е што напаѓачите честопати премногу драматично паѓаат со намера да изнудат фаул или пенал при послаб контакт, па судиите немаат доверба дека прекршокот бил толку страшен.

Денвер гази, а од последниот меч зависи дали Јокиќ ќе биде во игра за наградата за МВП

Денвер нагетс го победи Оклахома Сити тандер со 127-107 и тоа без Никола Јокиќ во составот. Сега Нагетс имаат 11 победи по ред, а отсуството на Јокиќ го искористи центарот Јонас Валанчунас кој со 23 поени и 17 скока беше предводник на тимот.

Она што е преокупација за фановите на Јокиќ е дали тој ќе игра на последниот меч со Сан Антонио. Тој меч ќе одреди дали Србинот ќе биде кандидат за наградата најкорисен играч во НБА за оваа сезона. Правилото е дека за да бидеш МВП, мора да одиграш барем 65 меча во регуларната сезона, а Јокиќ во моментов е на 64.

Српскиот центар има просек од 27,8 поени, 12,9 скока и 10,9 асистенции по меч, па ќе биде главен кандидат за признанието, но само ако игра уште еден меч.

Инаку рано утрово, Леброн Џејмс стана четвртиот во историјата на лигата со 12.000 асистенции, а првиот 40-годишник кој на три меча по ред имал барем 25 поени и 10 асистенции. Лејкерс го победи Феникс со 101-73 и обезбеди домашна предност во првото коло од плејофот. Стеф Кари го надмина Тим Данкан и сега е 18-ти стрелец во историјата на НБА, а Еј Џеј Грин погоди 11 тројки што е нов рекорд на Милвоки бакс.

Реал Мадрид кикисраше на свој терен против каталонскиот ривал

Раал Мадрид киксираше на свој терен и одигра само 1:1 против Жирона во меч од 31. коло во шпанската Примера дивисион. Кралскиот клуб беше голем фаворит за освојување на трите бода, но Жирона одлично се покажа на „Сантијаго Бернабеу“ и гостите останаа непоразени.

По овој освоен бод, Реал Мадрид сега има 70 бодови, шест помалку од лидерот Барселона, кој треба да одигра натпревар против Еспањол. Жирона сега има 38 бодови и е на 12 место на табелата во шпанското првенство.

По првото полувреме немаше погодоци, а во вториот дел, радост за навивачите на Реал Мадрид донесе Ванверде со погодокот во 51 минута. Откако Реал поведе со 1:0, изгледаше дека фаворитот ќе стигне до трите бода, но Лемар со погодок во 62 минута ги изненади домашнит ефанови и погоди за 1:1, што на крајот се покажа како конечен резултат.

 

Рома во јануари доби чудо од напаѓач, кој сега е на исто ниво со Хари Кејн (Видео)

Екипата на Рома без многу проблеми славеше на „Олимпико“ во Рим против Пиза, во меч од 32. коло во италијанската Серија А. Со овој триумф Рома сега стигна до 57 бодови, колку што има и петопласиранот Јувентус, но Старата дама утре гостува кај Аталанта во Бергамо. За разлика од Рома, тимот на Пиза останува на дното на табелата со само 18 бодови и само теорија останува овој клуб да се спаси од испаѓање.

Херој на Рома е Дониел Мален, кој постигна хет-трик. Холандскиот напаѓач во средината на јануари пристигна во Рома од тимот на Астон вила и се покажува како одлично засилување. Мален вечерва постигна три погодоци за три бода на Римската волчица.

Мален прво погоди во третата минута за водство од 1:0, а во 43 минута зголеми  на 2:0. Сите дилеми околу победникот мален ги реши со погодокот во 52 минута, кога и комплетираше „хет-трик“. Откако работата беше завршена, Мален беше повлечен од игра во 78 минута.

Откако пристигна во Рома, Мален вкупно постигна 11 голови. Ако се погледнат најдобрите пет лиги во Европа, Мален со 11 погодоци е на делба на првото место со Хари Кејн кој во истиот период има постигнати 11 погодоци за Баерн Минхен. Ниту еден друг играч во Топ 5 лигите нема дадено толку многу погодоци во 2026 година.