3.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025
Дома Blog Страница 10017

Гол шоуто продолжува, на ред е Алиоски

Нападите и головите на македонската фудбалска репрезентација продолжуваат и во второто полувреме. На ред дојде Езџан Алиоски да се израдува на погодок. Играчот на Лидс одлично се снајде во шеснаесетникот и со силен удар од близина погоди за убедливо 4:1 по 67 минути игра.

Македонија сигурно ќе стигне до нови три бода на дуелот против Лихтенштајн и со стоостотен учинот како лидер во групата најавува дека сонот за пласман на Европското првенство во 2020 година е остварлив. „Црвено-жолтите“ се во одлична форма и веќе 10 средби немаат пораз.

Работнички лесно, Блокотехна рутински

Работнички го разби Пелистер со 95:56, а Блокотехна како гостин го совлада Фени индустри со 76:66, во вторите два меча од денешната програма од 2. коло во првата кошаркарска лига. Колото ќе заврши утре, со дерби дуелот на Куманово и Гостивар.

Во „Градски парк“, Работнички дојде до лесно освоени два бода. Во 7 минута беше 17-11, а тогаш „црвено-белите“ за три ипол минути направија огромна серија од 17-0 (девет поени на Јанески и осум на Ефремовски) и уште по десет минути игра го одлучија победникот. Јанески средбата ја заврши со 22 поени за помалку од 19 минути игра, а Работнички не го користеше Мираковски. Билер и Херис беа двоцифрени на Пелистер.

Во Кавадарци, Блокотехна победи благодарение на одличното издание во втората четвртина која ја доби со 23-10. Творци на триумфот беа Младеновиќ, Мијатовиќ и Гаидус. Проблем за Фени беше скромниот придонес на резервистите.

 

Доста му е од асистенции, Пандев реши да дава и голови

Горан Пандев постигна и гол, по двете прекрасни асистенции за Александар Трајковски, за предност на Македонија од 3:0, но веднаш потоа и Лихтенштајн погоди преку Јилдиз за 3:1 по само 37 минути игра во Скопје.

Вистинска голеада, но и прекрасни потези имаат можност да видат околу десеттина илјади гледачи на националната арена во Скопје на дуелот меѓу Македонија и Лихтенштајн.

Во главната ролја е капитенот на нашата репрезентација Пандев. По две велемајсторски асистенции, реши и да го погоди во 36. минута, за предност на Македонија од 3:0, но веднаш потоа гостите намалија.

Со победа нашата репрезентација ќе биде на чекор до првото место во четвртата група од Д сегментот, што гарантира полуфинале.

Пандев сервира, Трајковски реализира, Македонија води со 2:0

Италијанската врска функционира беспрекорно во македонската фудбалска репрезентација, а Горан Пандев сервира, за Александар Трајковски да реализира.

По две филигрански акции во десеттата и 30. минута Пандев му подготви зицери на Трајковски, а напаѓачот на Палермо двапати погоди. Македонија води со 2:0 против аутсајдерот и сигурно чекори кон полуфинале во Д сегментот во Лигата на Нации.

Дефиле на пионерите на македонската фудбалска репрезентација

Македонската фудбалска репрезентација одбележа 25 години од одигрување на првиот официјален натпревар. На денешен ден во 1993 година, во Крањ, Македонија играше против Словенија и победи со 4:1. Вечерва играчите кои беа дел од историскиот прв натпревар, повторно се собраа заедно и продефилираа покрај теренот, пред дуелот на Македонија против Ерменија.

Во стартниот состав на македонската репрезентација тогаш беа: Зоран Мицевски, Кире Грозданов, Зоран Јовановски, Драган Канатларовски, Илија Најдовски, Чедомир Јаневски, Зоран Бошковски, Љупчо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски и Тони Мицевски. Селектор: Андон Дончевски. Резерви беа: Сашо Милошевски, Горан Георгиевски, Светозар Станковски, Неџмедин Мемеди, Ванчо Мицевски.

Не беа потребни ни 10 минути: Македонија води против Лихтенштајн (Видео)

Старт како што можеше да посакува македонската фудбалска репрезентација на арената „Филип Втори“. За неполни 10 минути, „црвено-жолтите“ донесоа радост на трибините. Александар Трајковски погоди за водство на Македонија од 1:0.

По една одлична акција, Пандев асистираше во празно кон Трајковски, а овој од околу 11 метри биеше во десниот горен агол. Само две минути по погодокот на Трајковски, лесно можеше да биде и 2:0, но Хасани шутираше над голот.

Квинтетот виросани на клупата за резерви против Лихтенштајн

Македонија има зицер за првото место во четвртата група од Д сегментот во Лигата на Нации, со победа вечерва против Лихтенштајн, а и нема потреба од преголем ризик, па квинтетот репрезентативци што имаа проблем со вирус се резерви.

Бобан Николов, Аријан Адеми, Стефан Ристовски, Стефан Спировски и Мите Цикарски се чувствуваат многу подобро, но селекторот Игор Ангеловски нема потреба од преголем ризик против аутсајдерот Лихтенштајн па одлучи да ги остави на клупата за резерви.

Непосредно пред последниот тренинг, вчера Фудбалската федерација на Македонија објави дека петте наши репрезентативци имаат стомачен вирус, па дури и беше поместен тренингот. Сега тие се чувтствуваат многу подобро, а ќе чекаат шанса за евентуален настап од клупата и тоа само ако има потреба.

Тешко се трпат сензационални порази – Се степаа полицијата и навивачите во Ереван

Ерменија претрпе сензационален пораз од Гибралтар со што исчезнаа шансите за првото место во четвртата група од Д сегментот во Лигата на Нации, а тешкиот дебакл не мина без инциденти.

Како што објавија ерменските медиуми веднаш по завршувањето на мечот што заврши со сензационална победа на Гибралтар од 1:0 на трибините дојде до голем инцидент и пресметка меѓу публиката и полицијата. Засега нема информации за повредени, но поразот беше тешко прифатен од љубителите на фудбалот во Ереван.

Фото: News.am

 

Гибралтар заврши работа за Македонија – ја победи Ерменија на гости

Уште пред да почне дуелот меѓу Македонија и Лихтенштајн, добри вести за нашата репрезентација. Гибралтар со 1:0 ја победи Ерменија на гости и со тоа донесе радост и за нашите „црвено-жолти“. За Гибралтар ова е прв триумф на меч од некои квалификации.

Чиполина во 50 минута од пенал погоди за прв гол на Гибралтар, што беше доволен и за победа на гости. По ваквиот исход, Ерменија и Гибралтар имаат по три бода од три меча, Лихтенштајн исто така има три бода, но од две средби, додека Македонија е единствена со шест бода од два дуели.

Доколку Македонија вечерва го победи Лихтенштајн, ќе стигне до 9 бода и на половина од групната фаза ќе има шест повеќе од останатите три конкуренти. Едноставно на Македонија широко и се отвори вратата за прво место во групата, што носи шанса за директен пласман на Европското првенство во 2020 година.

Македонија бие битка за ЕП, Арената ќе биде празна за Лихтенштајн (Фото)

Речиси и да нема интерес кај македонската публика за вечерашниот дуел со Лихтенштајн, иако Македонија е прва во четвртата група од Д сегментот и има шанса за настап на ЕП 2020 година.

Пред билетарата има повеќе каси за продажба од луѓе кои се заинтересирани за влезници, а и продавачите на реквизити со македонски обележја веројатно ќе останат со празни раце.

Мечот се игра од 20,45 часот, а непосредно перд стартот на дуелот со Лихтенштајн ќе се одбележи јубилејот, 25 години од првиот меч против Словенија во Крањ.