7.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025
Дома Blog Страница 10018

Шик е во мода – Големото дерби е за Чешка

Напаѓачот на Рома Патрик Шик ги замолчи навивачите на Словачка во Трнава и со гол во 76. минута и донесе голема победа на Чешка во големото дерби со Словаците.

Чешка двапати имаше предност со головите на Крменчик и на Шик и успеа да победи. Голот на Хамшик за 1:1 беше слаба утеха за домаќините.

Словачка со вториот пораз во првата група од Б сегментот има многу тенки шанси за пласман понатаму, а загрозен им е и статусот во втората по квалитет дружина во Лигата на Нации.

Чешка ја забележа првата победа и донекаде се рехабилитираше за домашниот пораз од лидерот Украина. Ова беше и прв меч и победнички старт за новиот селектор Јарослав Шилави на кормилото на Чесите.

Металург се претплати за губење со 8 разлика

Нов меч за Металург во Лигата на шампиони и нов пораз. Македонскиот вицепрвак останува на дното на табелата во својата група, откако со 3:25 загуби на гостувањето кај Чеховски Медведи. Македонскиот тим едноставно немаше сили да парира на противникот, на чиј терен се радуваше во елитната лига на ЕХФ.

Уште од самиот почеток на средбата, домаќините покажаа дека нема да дозволат изненадување (7:3 во 10 минута), па на полувремето заминаа со солидна предност од 18:13. Во вториот дел, со рутинска игра Чеховски само ја зголеми предноста и на крајот се радуваше со 33:25.

Халил Јагањац со седум голови беше најефикасен во тимот на Металург, а Анте Токиќ даде четири погодоци. Танкоски и Велковски постигнаа по три гола, а голманот Даниловски имаше девет успешни интервенции.

Металург едноставно како да се преплати да губи со осум разлика. Ова е четврти пат сезонава да бидат поразени со оваа разлика и останаа бетонирани на дното на табелата во Ц групата.

Западното дерби за Лабуништа

Лабуништа го доби дербито на деветтото коло во Втората лига Запад, против Гостивар и моментно со меч повеќе од Струга Трим Лум е лидер на табелата.

Гостивар се обиде во финишот да се спаси од пораз, но гостите беа подобри и направија сериозен чекор кон остварување на амбициите, кои се прволигашки.

Во дербито на Истокот, Кожув и Кит Го Пехчево ремизираа без голови.

 

Славниот рапер нуди два милиони долари за една борба на Хабиб

Славниот рапер 50 Центи реши да му даде понуда на Хабиб Нурмагомедов, а светскиот првак веднаш прифати. Нурмагомедов ја одбрани титулата светски првак во лесна категорија во УФЦ, откако со технички нокаут го совлада Конор Мекгрегор. Шоуто од таа борба продолжи и надвор од рингот кога Хабиб се степа со дел од членовите на тимот на Ирецот.

Борбата на деценијата предизвика невиден интерес, а сега реши да се вклучи и познатиот рапер. Прославениот 50 центи како млад бил аматерски боксер, потоа беше и промотер на боксерски натпревари, а сега е бренд амбасадор на „Белатор“, која е конкурентска организација на УФЦ.

„Мислам дека е погрешно тоа што Хабиб работи со УФЦ. Ќе му платам два милиони долари во кеш, за да се бори за мене во Белатор“, напиша раперот на својот инстаграм профил.

ПО оваа понуда, веднаш стигна и одговор од Хабиб. „Само кажи ми која е локацијата“, е одогворот на светскиот првак кој има 27 победи во исто толку мечеви.

Чориќ пак му зема мерка на Федерер, утре во финале со Ѓоковиќ

Борна Чориќ повторно одигра извонреден меч против Роџер Федерер, овојпат за финале во Пекинг и славеше со 6:4, 6:4.

Хрватскиот тенисер почна одлично, веднаш на стартот од мечот направи брејк и ја задржа предноста до крајот за 1:0. По ист терк почна и вториот сет и повторно Чориќ имаше решение за првиот сервис на Федерер, поведе со 2:0 и ја задржа предноста без загубен сервис на мечот.

Хрватот го порази најтрофејниот тенисер и во Хале во јуни и веќе станува незгоден ривал за Федерер.

Утре во финалето на турнирот во Пекинг Чориќ ќе игра со Новак Ѓоковиќ.

Челси летоска барал 150 милиони за Еден Азар

Реал Мадрид не сакал да плати повеќе од 100 милиони евра за Еден Азар, и затоа не се реализираше неговиот трансфер од Челси во европскиот првак. Мадридскиот клуб понудил 100 милиони евра, сума која ја доби од Јувентус за Кристијано Роналдо, но Челси за својот најдобар играч барал дури 150 милиони.

Азар и сега истакнува дека животна желба му е да игра во Реал, но би бил задоволен и ако остане во Лондон каде е главна ѕвезда и има одлична плата.

Раководството на Реал сметаше дека сезонава ќе дојде до „експлозија“ на Марко Асенсио, а купија и двајца млади Бразилци (Винисиус кој ретко добива шанса во првиот тим и Родриго кој уште е малолетен), па не им се трошеа премногу пари за Азар, на кого договорот со Челси му истекува во 2020 година.

Сега повторно е актуелен преминот на Азар во Реал, но не е реално дека до таков трансфер може да дојде во јануари. Во летниот период, повторно Азар може да падне во втор план, бидејќи Реал е подготвен да плати повеќе од 100 милиони само за Нејмар.

Љуљ го има потегот на колото во Евролигата (Видео)

Тројката која Серхио Љуљ ја погоди во последната секунда од третата четвртина на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Дарушафака, беше избрана за потег на колото во Евролигата.

Љуљ ја пропушти речиси целата претходна сезона во Евролигата, но сега уште од стартот покажа зошто е најинтересниот играч за гледање. Во финишот на првата четвртина погоди тројка од девет метри, а потегот на колото му беше тројка со една рака од речиси половина терен.

Негов специјалитет се „мандарините“, како што ги нарекуваат кошевите од далеку со звукот на сирената.

Ова се десетте најдобри потези за првото евролигашко коло:

 

Ова се 11-те најдобри фудбалери кои неодамна станаа тренери

Голем е бројот на одлични фудбалери кои по завршувањето на кариерата се одлучуваат да станат тренери, а во моментов работат доста тренери и селектори кои до пред некое време беа успешни на зелениот терен.

Патрик Виеира е тренер на Ница, а од активното играње фудбал се повлече во 2011 во дресот на Манчестер сити. Џенаро Гатузо го води Милан, а пред четири години ги закачи копачките како играч на швајцарски Сион.

Тјери Анри е нов тренер на Монако, клубот во минатото се прослави и како играч. Њујорк Ред булс беше последниот тим во играчката кариера на Французинот. Тој со играње заврши на 37 години. Беше капитен на Ливерпул, се пензионираше во 2015 година, а сега е тренер на шкотски Ренџерс. Погодувате, станува збор за Стивен Џерард, кој како тренер дојде и во Скопје на дуел со Шкупи.

Рајан Гигс во 2014 година имаше 41 година кога реши да стави крај на неговото играње за Манчестер јунајтед. Велшанецот работи како селектор на репрезентацијата на родната земја. Во 2012 година им кажа „чао“ на Милан и на играњето фудбал. Филипо Инѕаги во моментов е тренер на Болоња.

Кариерата како играч ја финишираше во 2013, во ПСВ Ајндховен, а сега е тренер на тој клуб. Тоа е Марк Ван Бомел. Откако одигра две сезони за Аталанта, во 2015 година ја заврши играчката кариера. Лионел Скалони сега е селектор на Аргентина.

Листата од Топ 11 фудбалери кои во последните години станаа тренери, ја завршуваме со Марсело Гаљардо, Сержо Конесисао и Габриел Хајнце.

На Гаљардо, последен клуб му беше Насионал, а се повлече во 2011. Сега го води аргентинскиот гигант Ривер Плата. На Консеисао, најдобрите години му беа во Италија, но последен клуб му беше ПАОК во 2010 година. Сега го води Порто. Хајнце во 2014 година како играч на Њуел Олд бојс ја заврши играчката, а една година подоцна почна тренерска кариера. Некогашниот лев бек е тренер на Велез Сарсфилд.

Порака од Џенова: Пјонтек вреди 60 милиони евра

Откако се појавија гласини дека Наполи ќе се обиде да го ангажира Кжиштоф Пјонтек, од Џенова се јавија со одговор дека кој ќе сака да го купи полскиот напаѓач, ќе треба да плати обештетување од 60 милиони евра.

Полските играчи во редовите на Наполи, Милик и Зјелински, се посредниците во контактите на клубот од Неапол со разиграниот Пјонтек. Сега тие тројца се заедно во репрезентацијата и можеби Милик и Зјелински ќе го убедуваат да им се придружи.

Главна пречка за трансферот е цената. Апетитите на Џенова пораснаа, бараат дури 60 милиони, додека во Наполи сметаат дека реалната вредност е 25 милиони, и засега не би платиле повеќе.

Ќе го „откажеме“ Лихтенштајн уште во првото полувреме

Дуелот на Македонија и Лихтенштајн треба да биде уште еден чекор кон првото место во групата од Лигата на нации, и тој меч треба да биде незаобиколен „декор“ на секое ливче кое денеска ќе се уплати во SPORT LIFE. Патриотски и навивачки е да се типува победа на Македонија, а има и разни комбинации кои може да се додадат покрај задолжителниот „кец“. Ви даваме уште четири предлози за денеска.

Македонија – Лихтенштајн (20.45 часот)

Пред една година, на 9 октомври, истиот овој противник од Струмица си замина поразен со 4:0, па и сега во Скопје би требало да има слично, или исто сценарио. На 25-годишнината од првиот меч, Пандев и другарите ќе сакаат да ги задоволат вкусовите на Панчев и генерацијата која во 1993 ја победи Словенија. Лихтенштајн го совлада Гибралтар, но нема што да бара на вечерашното гостување кај Македонија која во последните две години, има само три порази, од кои два од Шпанија и еден од Италија.

Предлог тип: 1-1 & 2-4 (2.45)

 

Холандија – Германија (20.45 часот)

„Лалињата“ цели 18 години не победиле дома против „панцерите“. Гостите се фаворити, но во последно време и не играат толку добро. Променливите резултати на Баерн, чии играчи се костур во националниот тим, се одразија и врз „Елф“. Сепак, ова е прилика да излезат од кризата, иако нема да им биде лесно, бидејќи Холандија со новиот селектор Куман, игра солидно и нема лесно да се предаде.

Предлог тип: Т2 2+& ГГ (2.70)

 

Ирска – Данска (20.45 часот)

Ова е еден од најтешките мечеви за прогнозирање. Ирците тргнаа лошо во Лигата на нации, загубија убедливо од Велс, а тој ист Велс, три дена подоцна загуби од Данска. Не треба да се заборави дека лани, Данска во баражот за СП, ја растури Ирска во Даблин со 5:1, па и психологијата ќе игра улога.

Предлог тип: Х (2.95)

 

Бугарија – Кипар (20.45 часот)

Нашиот источен сосед, има низа од три победи по ред, од кои две во Лигата на нации, додека Кипар со победата над Словенија, прекина серија од осум меча (седум порази) без радост. Кипар е многу лош гостин, а при последното гостување во Софија пред шест години, загуби со 0:1.

Предлог тип: Т1 2+ (1.83)

 

Норвешка – Словенија (18.00 часот)

После многу лошата слика која ја оставија во квалификациите за СП во Русија, Словенците го сменија селекторот, но ниту со Кавчич не бележат подобри резултати. Норвежаните би требало да го искористат домашниот терен. Словенија нема ниту еден нерешен резултат во 2018 година.

Предлог тип: 1&3+ (3.05)