Дома Blog Страница 106

Флорентино Перес ќе понуди 200 милиони евра за Мајкл Олисе?

Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Мајкл Олисе, се наметнува како едно од најжешките имиња во пресрет на летниот преоден рок. Францускиот репрезентативец, кој блеска во дресот на баварскиот гигант оваа сезона, веќе е на радарот на европските великани, а најконкретен интерес покажува Реал Мадрид.

Клучен момент за зголемениот интерес беше неговиот впечатлив настап на „Сантијаго Бернабеу“, каде што Олисе одигра значајна улога во победата на Баерн од 1-2 во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите. Тој асистираше за вториот погодок на Хари Кејн, со што дополнително го сврте вниманието кон себе.

Претседателот на Кралевите, Флорентино Перес, е импресиониран од формата на Французинот и подготвува офанзива за негов ангажман. Се споменува понуда во вредност до 200 милиони евра, заедно со бонуси, иако задачата да се убеди Баерн да го продаде ќе биде исклучително тешка.

Од Минхен испраќаат јасна порака, дека Олисе не е на продажба. Напротив, челниците на баварскиот клуб имаат намера да му понудат нов, подобрен договор.
Интерес за офанзивецот покажува и Ливерпул, кој наводно подготвува понуда повисока од 170 милиони евра.

Под водство на тренерот Венсан Компани, Мајкл Олисе се профилираше како еден од највлијателните играчи во тимот. Во тековната сезона има ефект од 16 голови и 24 асистенции во сите натпреварувања, што јасно ја потврдува неговата класа и објаснува зошто е цел на најголемите клубови во Европа.

Скандал: Кристијано Роналдо обвинет за „местење натпревари“ во Саудиска Арабија?

Фудбалската сцена во Саудиска Арабија ја тресе скандал по контроверзниот натпревар меѓу Ал-Ахли и Ал-Фејха, во кој домаќинот беше лишен од два пенали и покрај прегледот на ситуациите преку ВАР системот. Ремито 1-1 сериозно го загрози настојувањето на Ал-Ахли во трката за титулата, а кризата е дополнително заострена со остри обвиненија кон судијата, но и кон Кристијано Роналдо, кого британските медиуми сега го поврзуваат со наводно „местење натпревари“.

Кризата избувна во 29-тото коло на Саудиска професионална лига, кога Ал-Ахли ремизираше 1-1 со Ал-Фејха и остана на 66 бодови, оддалечувајќи се од водечкиот двоец. На домаќините не им беа досудени два пенали, од кои еден во последните моменти на мечот, и покрај тоа што судијата ја користеше ВАР-снимката за проверка.

Напаѓачот на Ал-Ахли, Иван Тони, по натпреварот изјави дека судијата отворено го фаворизирал ривалот во борбата за титулата.


„Судијата ни рече да ја заборавиме лигата и да се фокусираме на азиската Лига на шампиони. Дали е тоа нормално? Никогаш во животот не сум доживеал вакво нешто“, изјави Тони.

Тој тврди дека натпреварот им е „украден“ и дека судиските критериуми кои важеле цела сезона одеднаш исчезнале во клучниот дуел. Тој побара Судиската комисија на Саудиската фудбалска федерација да ја прегледа комуникацијата за да ги потврди неговите тврдења. Неговиот став го потврди и Матијас Јајсл, тренер на Ал-Ахли, кој рече дека судијата навистина ги поттикнувал играчите да се откажат од борбата за титулата.

Целиот случај доби нова димензија кога британскиот весник „Дејли Мејл“ објави дека Кристијано Роналдо се наоѓа во центарот на обвиненијата за манипулација и измама со цел обезбедување титула за Ал-Наср.

Според весникот, контроверзиите околу натпреварот на Ал-Ахли и изјавите на Иван Тони поттикнале сериозни сомнежи дека Роналдо и неговите соиграчи можеби „местеле“ натпревари за да ја освојат титулата во Саудиска Арабија. Ал-Наср моментно е лидер на табелата со 70 бода, два повеќе од Ал-Хилал и четири повеќе од Ал-Ахли, пред саботниот дуел со Ал-Ахдуд.

Рајо Ваљекано убедлив против АЕК Атина

Во првиот натпревар од четвртфиналето на Коинференциската лига на УЕФА, Рајо Ваљекано го надигра АЕК Атина со убедливи 3-0 пред преполни трибини на „Ваљекас“, стекнувајќи голема предност пред реваншот во Атина за седум дена.

Само по една минута и 45 секунди од почетокот, Рајо поведе. Долга топка стигна до Гарсија на левата страна, тој центрираше совршено, а Акомач со левата нога од десетина метри го погоди долниот лев агол на голманот Стракоша за 1-0.

АЕК имаше неколку шанси за израмнување. Јовиќ во седмата минута беше блокиран на десетина метри од голот, а во 29-тата минута Барга шутираше со глава по слободен удар, но голманот Баталија со помош на стативата ја зачува мрежата.

Шест минути подоцна, голема шанса имаше и Кеита, кој по конфузија меѓу домаќините имаше чист пат кон голот, но се сплетка и промаши.

Рајо ги казни промашувањата пред самиот крај на првото полувреме. Лопез искористи една одбиена топка и зголеми на 2-0.

Во продолжението, домаќините без проблем ја одржуваа предноста, а во 70-тата минута ја зголемија од пенал. По ВАР проверка беше утврдено дека Релвас играл со рака во шеснаесетникот на АЕК. Судиската одлука беше јасна, пенал за Рајо, кој сигурно го реализира Паласон за конечни 3-0.

Енди Робертсон по девет години го напушта Ливерпул

Eнди Робертсон ќе стави крај на својата кариера во Ливерпул по завршување на сезоната 2025/26, потврди самиот клуб на официјалната веб-страница. По девет извонредни години на „Енфилд“, капитенот на шкотската репрезентација ќе замине како слободен агент, по истекот на договорот ова лето.

Робертсон ќе се повлече како вистинска легенда, играч кој имаше клучна улога во обновата на Црвените. До денеска, тој забележа 373 настапи за клубот. Пристигна од Хал сити во 2017 година, а дефанзивецот освои речиси сè со тимот на Ливерпул, вклучувајќи две титули во Премиер лигата, Лигата на шампиони, ФА Куп, два Лига купа, како и Светското клупско првенство на ФИФА, Суперкупот на УЕФА и Комјунити Шилд.

Клубот истакнува дека до самиот крај, Робертсон останува целосно посветен на тоа да му помогне на тимот да ја заврши сезоната на најуспешен можен начин. Шкотланѓанецот ќе остане запаметен не само по неизмерната енергија на левата страна, туку и како еден од лидерите во соблекувалната во најславниот период од модерната историја на Ливерпул.

Неверојатна разлика во салдото на црвени картони на Барса во Шпанија и Европа

Податоците на „BeSoccer“ покажуваат драстична разлика кај црвените картони на Барселона во последните десет сезони кога ќе се споредат салдото во шпанската Ла Лига и Лигата на шампионите. 

Во шпанското првенство, Барселона има плус од дури 31. Ривалите на Барселона имаат добиено 63 црвени картони, а 32 играчи на Барса биле исклучени во истиот период во националното првенство. А, во ЛШ во последнната декада, салдото на Барселона е -7. Барселона имала вкупно 12 исклучени играчи во тој период, додека нивните противници биле намалени на 10 играчи во само пет наврати. 

Кај Реал Мадрид и Атлетико Мадрид ситуацијата е далеку поизбалансирана.

Реал има -1 во Ла Лига (40 исклучувања за противниците и 41 за играчи на Реал), а +10 во ЛШ (16 за противниците, шест црвени за Реал). Атлетико е на -15 во Ла Лига, а +3 во Европа.

Очигледни се разликите во судиските критериуми со кои се соочуваат шпанските тимови кога играат во домашната Лига и кога се натпреваруваат во Европа.

Футсал: Македонија со убедлив триумф против Бугарија

Футсал репрезентацијата на Македонија со победа го отвори настапот во првиот круг од квалификациите за пласман на Светското првенство.

Во првото коло селекцијата на Македонија ја совлада Бугарија со 4:1. Серијата погодоци ја отвори Иван Крстевски уште во втората минута, а веќе во осмата имавме водство од 2:0 откако во листата на стрелци се запиша Берат Рамадани.

Во 18. минута имавме можност да стигнеме и до поубедлива предност, но Тони Киревски не успеа да реализира пенал.

На почетокот од второто полувреме, Владимир Бахаров го постигна единствениот гол за Бугарија.

Во самиот финиш на натпреварот, избраниците на селекторот Газменд Хисејини на два пати ја затресоа мрежата на противникот за убедлива победа.

Во 38. минута, голманот Антонио Петровски зголеми на 3:1, а само педесетина секунди подоцна нов погодок за Рамадани за конечен триумф од 4:1.

Следен противник ни е репрезентацијата на Турција и доколку успееме да забележиме победа со сигурност освојуваме една од првите две позиции во групата кои водат во следната фаза од мундијалските квалификации.

Почетокот на натпреварот е закажан за 15 часот и 30 минути.

Во Њујорк ќе се води битка за второто место на Истокот

Останаа само уште три дена до крајот на регуларната сезона во кошаркарската НБА лига, а од шесте натпревари кои се играат вечерва, најинтересен ќе биде оној во Њујорк, каде Никс се домаќини на Бостон селтикс.

Во моментов Бостон има две победи повеќе, и ако слави вечерва, дефинитивно ќе ја освои дивизиската титула и како втор на Истокот ќе влезе во плејофот. Во Њујорк не смеат да помислат на пораз бидејќи така не само што дефинитивно ќе останат без второто место, туку ќе имаат ист скор како четвртиот Кливленд, па може да паднат и на четврто место.

Инаку ако одиграте на победи на шесте фаворити, би имале убава можна добивка, бидејќи квотите за конечен тип не се баш мали, сите се од 1.50 нагоре. Секако тука е опцијата во Sport Life да се обложите и на број на поени на голем број кошаркари.

Пуштени во продажба билетите за полуфиналињата во Купот на Македонија во ракомет

Ракометната федерација на Македонија објави дека од денеска се пуштени во продажба билетите за претстојниот фајнал-фор турнир од Купот на Македонија. Билети може да се купат на сајтот на МК тикетс

Со еден билет ќе може да се проследат полуфиналните натпревари од машкиот и женскиот Ф4, кои ќе се одиграат на 17-ти и 18-ти април во Спортската сала „Парк“ во Струмица. Цената на билетот изнесува 400 денари.

За билетите за финалните натпревари кои ќе се играат в недела на 19-ти, дополнително ќе биде објавена информација.

Луис Суарез не ја исклучува можноста да игра на Светско првенство

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез, не ја исклучува можноста за враќање во репрезентацијата на Уругвај за Светското првенство ова лето.

Ветеранот во интервју за уругвајското издание „Диарио Овасион“ изјави дека никогаш нема да ѝ го сврти грбот на својата земја, и покрај тоа што се пензионираше од репрезентативниот тим во 2024 година.

„Националниот тим не се одбива. Се ближи Светското првенство, ако им требам… што ќе правам? Никогаш нема да ѝ кажам не на мојата земја, никогаш нема да кажам не“, рече 39-годишниот Суарез.

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид ја завршува својата кариера во репрезентацијата на Уругвај во септември 2024 година, пензионирајќи како стрелец број 1 на сите времиња со 69 гола на 143 натпревари во период од 17 години.

„Се повлеков од репрезентацијата за да им отстапам место на другите играчи и затоа што чувствував дека дојде моментот кога повеќе нема да бидам корисен за тимот. Ако им требам, никогаш нема да ги одбијам. Тоа е невозможно – сè додека сè уште играм, сè додека сум сè уште активен“, додаде Уругваецот.

Уругвај е во група со Капо Верде (Зеленортски острови), Шпанија и Саудиска Арабија.

Алкарас се намачи против тенисерот со најмногу победи на земја во 2026

Карлос Алкарас со многу мака го победи Томас Ечевери со 6-1, 4-6, 6-3 во осминафиналето на Мастерсот во Монте Карло кој се игра на земјена подлога.

Аргентинецот Ечевери е тенисерот со најмногу победи на земја во 2026 година, па и не е чудо што му пружи силен отпор на првиот носител и лидер на АТП листата.

Во четвртфиналето Алкарас ќе игра со Бублик, а едно од четвртфиналињата е Синер – Оже Алиасим.

Математиката вели дека Синер ќе го преземе првото место на АТП ранг листата ако го освои турнирот во Монте Карло, а и финале ќе му биде доволно, ако Алкарас кој го брани трофејот од лани, не стигне до финалето. Ако денеска загубеше Алкарас, на Синер ќе му требаше само уште една победа за преземање на тронот, вака ќе треба да се помачи.

Инаку победа на Синер над Оже Алиасим му одговара и на Ѓоковиќ кој така сигурно би останал четврти на АТП листата. Ако Канаѓанецот го освои турнирот во Монте Карло, Новак паѓа на петта позиција.