Дома Blog Страница 10609

Пред Баерн се двете Борусии

Борусија Менхенгладбах со конечни 3-0 издвои триумф против Фортуна Дизелдорф во рамките од 10. коло во Бундеслигата. На тој начин Гладбах изби на втората позиција на табелата, со исто бодови како и Баерн Минхен (20), но со подобра гол разлика.

Домаќините трите гола ги постигнаа во вториот дел, отвори Торган Азар преку пенал во 48-та минута, Хофман зголеми на 2-0 во 67-та минута, а на десетина минути пред крајот, Азар го постигна својот вторл гол на средбата.

По 10 одиграни натпревари во германскиот шампионат, Дортмунд е лидер со 24 бода, Гладбах и Баерн се на второто, односно третото место со ист број на бодови, 20.

 

„Биковите“ ја прегазија Сампдорија

Торино со убедливи 4-1 славеше голема победа над Сампдорија во Џенова. Белоти на два пати ја тресеше мрежата на домаќините во првиот дел, Фалке во 56- тата минута зголеми на 3-0, пред Квалјарела намали да го постигне почесниот гол за Сампдорија во 65-тата минута. Ицо ги постави конечните 4-1 во 78-та минута.

Сасуоло лесно ја оствари петтата победа сезонава, откако на гостувањето кај Киево славеше со 2-0. Ди Франческо го отвори резултатот  во 42-та минута, додека пред самиот финиш Џакерини си ја смести топката во својот гол и ја потврди победата на гостите.

Парма и Фросиноне одиграа реми без голови, иако домаќините речиси половина час играа со играч помалку, Фросиноне не успеа да ја искористи таа ситуација.

Сензационална победа над Ѓоковиќ за прва Мастерс титула на Хачанов

Карен Хачанов одигра феноменално финале во Париз против Новалк Ѓоковиќ, па со 2-0 во сетови (7-5, 6-4), го совлада првиот светски рекет. За Русинот ова беше прво појавување на финалињата на Мастерс турнирите, па така го освои и првиот голем трофеј во кариерата.

Хачанов буквално го надмудри Ѓоковиќ во двата сета. Иако српскиот тенисер прв направи брејк за 3-1 во првиот сет, Хачанов веднаш возврати, па така и ја врати неизвесноста се до 5-5, а потоа го направи и второт брејк, кој беше клучен за освојување на сетот.

Помалку физички потрошен, Ѓоковиќ се најде во негатива на стартот од вториот сет, откако загуби гем на свој сервис за 2-1 во корист на Хачанов, па предноста ја одржа Русинот до крајот на средбата.

Хачанов на овој турнир настапи како 18-то рангиран тенисер во светот, а од утре ќе напредне на листата за дудри седум места, односно ќе биде 11-ти, додека Ѓоковиќ од утре и официјално ќе биде прв носител на АТП листата. За Србинот ова беше прв пораз во финале во Париз, откако претходно четири пати триумфираше на овој турнир, во 2009 година, а потоа и три по ред во 2013, 2014 и 2015 година.

Ибрахимовиќ бара договор од 18 месеци за да се врати во Милан

Претставници на Златан Ибрахимовиќ и на Милан продолжуваат со преговорите околу враќање на Швеѓанецот на „Сан Сиро“ во јануари. Наводно, „росонерите“ му понудиле шестмесечен договор, односно до крајот на оваа сезона, додека Златан сака да има опција да го продолжи истиот на уште една сезона.

Според италијанските медиуми, неговата плата треба да изнесува 1,5 милиони евра, додека останатите бонуси треба да ги покријат неговите спонзори.

Ибрахимовиќ моментално е играч на ЛА галакси, но откако со тимот не успеа да се пласира во плеј-офот од МЛС лигата, тој изразил желба да се врати во Милан, тимот за кој одигра 85 натпревари и постигна 56 погодоци од 2010-та до 2012 година.

Меси ќе патува за Милано за дуелот против Интер

Лионел Меси се врати на тренинзите во пресрет на гостувањето на Барселона кај Интер (вторник, 21 часот), мечот кој ќе се одигра во рамките од 4. коло во Лигата на шампионите. Аргентинецот поради фрактура на десната рака која ја заработи на мечот против Севилја, ги пропушти последните четири средби на Барса во сите конкуренции, во кои „каталонците“ издвоија максимален учинок.

Валверде го именуваше Меси во составот кој ќе патува за Милано, иако тој нема добиено дозвола од медицинскиот тим за настап. Засега е неизвесно дали Лео ќе биде меѓу резервите и ќе чека шанса да влезе од клупа, или пак нема да биде меѓу они 18 играчи кои ќе бркаат победа против „нероаѕурите“.

Шкупи на прошетка до Тетово, Шкендија го стаса Вардар на врвот на табелата

Шкендија го декласира Шкупи во меч што требаше да биде дерби на 13. коло и со триумф од 3:0 е лидер на табелата. Фазли, Емини и Алими беа стрелци за шампионот, кој го искористи и киксот на Вардар, па сега со 28 бодови е лидер на табелата.

Вардар има ист број на бодови, 28, но послаба гол-разлика, а денеска со реми против Беласица за првпат во ова првенство не е лидер на табелата.

Дарко Мицевски постигна еврогол за „црвено-црните“ во 30. минута, а за Вардар „кобен“ беше убавиот погодок на Филип Ивановски, играч кој настапуваше за најтрофејниот наш клуб. Денеска и донесе голем бод на Беласица во првото гостување на струмичани на Вардар по 12 години.

Втората струмичко-скопска пресметка им припадна на фудбалерите на Академија Пандев против Работнички. Љупче Дориев со прецизен удар во 54. минута ги израдува домаќините.

Победа со два гола во второто полувреме го надигра и победи Силекс. Нвабуезе и Танушев беа стрелци за прилепчани во 60. и 90. минута.

Ренова има рецепт за експресни пресврти, а и денеска „гипсарите“ победија со два гола за една минута. Влатко Стојановски и Емран Рамадани погодија во 60. и 61. минута за победа во Ѓорче Петров. Домаќинот Македонија поведе со погодокот на Дејан Тантуровски по 15 минути игра, но повторно загуби. Ова е трет пораз по ред за популарните „лавови“.

 

Резултати, 13. коло: Шкендија – Шкупи 3:0, Вардар – Беласица 1:1, Победа – Силекс 2:0, Академија Пандев – Работнички 1:0, Македонија Ѓ.П. – Ренова 1:2.

Табела: Шкендија и Вардар по 28, Академија Пандев 22, Победа и Работнички по 17, Ренова 16, Беласица 14, Македонија Ѓ.П. 13, Шкупи 12, Силекс 11.

Сите бегаат од Мамиќ – Динамо го избриша од регистерот со членови

Здравко Мамиќ е избришан од регистарот со членови на Динамо Загреб, со што и официјално заврши неговата ера на владеење во најтрофејниот фудбалски клуб. Ова е само формален чин, што го објавија популарните „модри“, откако Мамиќ под закана за затворска казна побегна од Хрватска во Босна и Херцеговина.

Мамиќ е творецот на европски Динамо, клуб кој во неговата ера на владеење беше речиси редовен учесник во Лигата на шампионите, или во Европа Лигата.

Успесите на популарните „модри“ беа проследени и со доста контроверзи, а Мамиќ е осуден на над пет години затвор, но пред да замине на отслужување на казната побегна од Хрватска.

Обвинението за него, за неговиот брат Зоран Мамиќ и за Дамир Врбановиќ е дека од клубот незаконски извлекле околу 16 милиони евра, а гја оштетиле државата за 1.6 милиони евра.

 

На „Аноета“ уште се чека победа, Севилја ветува нова голеада

Недела е ден за фудбал, се играат редовните кола во европските лиги, пред паузата и обврските на репрезентациите во Лигата на Нации, па вообичаено ќе ви понудиме пет предлог типови со анализа на дел од најинтересните мечеви денеска.

 

Челзи – Кристал Палас (17 часот)

Во лондонското дерби Челзи е фаворит, но Кристал Палас честопати бил незгоден ривал. Имаат две победи на последните три гостувања на „Стемфорд Бриџ“, што повикува на внимание. Многу работи зависат и дали Еден Азар ќе игра денеска за Челзи. Тој е главниот мотор во екипата и со него во составот Челзи игра многу подобро. Домаќините се фаворити, но подобро е да се одигра на голови.

Предлог тип: 3+ (1.52)

 

Болоња – Аталанта (18 часот)

На последните два меѓусебни натпревари имаше само по еден погодок, што навестува нов тврд дуел на Болоња и на Аталанта. Гостите од Бергамо нанижаа две победи, па полека тргнаа кон горниот дел на табелата, каде што имаат место според квалитетот. Аталанта е ефикасна екипа, но мора да внимава против Болоња, тим кој бие битка за излез од опасната зона. И нема победа на три меча по ред, па ќе се обиде да ја прекине лошата серија денеска на свој терен.

Предлог тип: 2>1 (2.00)

 

Реал Сосиедад – Севилја (18.30 часот)

На „Аноета“ ќе играат две екипи што речиси секогаш атакуваат на победа, без компромис и играат за гол повеќе. Севилја е особено ефикасна и со 22 гола досега е втора најефикасна екипа во Ла Лига, зад Барселона со 31 погодок. Гостите се фаворити, Реал Сосиедад има доста повредени играчи и чудно, но вистинито, нема домашна победа на досегашните 4 натпревари.

Предлог тип: Х2&1+ прво полувреме (2.05) Квота на денот

 

Удинезе – Милан (20.30 часот)

Последните дуели на овие две екипи одлично се вклопуваат во новата игра во Sport Life обложувалниците, со 1-3 голови во првото и во второто полувреме.

Фаворит е Милан, но игра променливо што е проблем за големата армија на навивачи на овој клуб. Сепак двете победи по ред се мала гаранција за излез од кризата. Удинезе е без победа на пет меча по ред, па нема простор за многу калкулации.

Предлог тип: 1-3&1-3 (2.05) Квота на денот

 

Бетис – Селта (20.45 часот)

Дуелите на овие две екипи честопати се проткаени со погодоци, но Бетис сезонава мака мачи со головите. Екипата од Андалузија е најнеефикасната екипа во Ла Лига и на 10 меча постигна само 5 голови. Селта го држи темпото со 17 реализации и е веднаш зад Барселона и Севилја по ефикасност во Шпанија.

Бетис има поголеми амбиции и квалитет од моментната 14. позиција, Селта е две скалила над нив, па јасно е дека мора да се атакува на три бода од двете страни.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.30)

 

 

 

 

Еибар се разигра со 10 играчи и го доби малото баскиско дерби

Еибар се разигра со 10 играчи и со два гола во второто полувреме направи пресврт и го доби малото баскиско дерби против Алавес.

Домаќините имаа негатива по погодокот на Гарсија за Алавес и долго не успеваа да ја искористат ситуацијата на теренот со играч повеќе. Дуарте беше исклучен во 24. минута, Еибар се обидуваше да израмни, па и да победи, а тоа го стори дури откако остана со 10 фудбалери.

Во 62. минута исклучен беше Де Блазис, па во ситуација 10 на 10, Еибар постигна два гола за победа. Израмни Џордан во 69. минута, а по 13-от корнер за Еибар, Сенегалецот Папе Диоп погоди во 91. минута за победа на домашниот состав.

Подобро да не почнуваше – Тајфун беше лош, Вајнцирл е катастрофа за Штутгарт

Маркус Вајнцирл има исклучително лош старт како тренер на клупата на Штутгарт, а кризата продолжи со три порази со новиот шеф на стручниот штаб. Вајнцирл има три порази откако е кормилар на еден од најпознатите германски клубови, а гол-разликата е кататрофална, 0:11.

Младиот менаџер (има 43 години) очигледно тешко се снаоѓа со улогата шеф на стручен штаб на клуб во Бундеслигата, а тоа го искористија Борусија Дортмунд, Хофенхајм и Ајнтрахт Франкфурт за да ги освојат бодовите многу лесно во дуелите со Штутгарт.

Германските медиуми веќе потенцираат дека раководството на Штутгарт направи грешка, што му понуди и потпиша договор со Вајнцирл до 2020 година, но младиот стратег не се предава.

„Мора да корегираме доста работи, но верувам дека ќе успееме да се извлечеме од кризата“, вели Маркус. Тој го наследи Тајфун Коркут на клупата на Штутгарт, клуб кој тавори на дното на табелата во Бундеслигата со само 5 бода на 10 натпревари.