Еибар се разигра со 10 играчи и го доби малото баскиско дерби

Еибар се разигра со 10 играчи и со два гола во второто полувреме направи пресврт и го доби малото баскиско дерби против Алавес.

Домаќините имаа негатива по погодокот на Гарсија за Алавес и долго не успеваа да ја искористат ситуацијата на теренот со играч повеќе. Дуарте беше исклучен во 24. минута, Еибар се обидуваше да израмни, па и да победи, а тоа го стори дури откако остана со 10 фудбалери.

Во 62. минута исклучен беше Де Блазис, па во ситуација 10 на 10, Еибар постигна два гола за победа. Израмни Џордан во 69. минута, а по 13-от корнер за Еибар, Сенегалецот Папе Диоп погоди во 91. минута за победа на домашниот состав.

- Оглас -

Најнови вести