Дома Blog Страница 10636

Ремек – делото на Пандев, кандидат за најдобар гол на сезоната во Серија А (видео)

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, се најде меѓу фудбалерите кои конкурираат за најдобро постигнат гол во сезонаta 2017/18 во Серија А.

Вистинско ремек – дело беше голот на „Гранде“ Пандев во победата од 3-1 против Верона. Maкедонецот го лобуваше голманот на гостите од надвор од шестнаесетникот, па заслужено се најде во потесниот круг за најубав погодок.

Можете да го дадете својот глас и да придонесете за Пандев да ја освои престижната награда, на следниот линк.

ФИФА забрани да се игра во САД мечот Барселона – Џирона

Сѐ помали се шансите дека барем еден натпревар од најсилната шпанска фудбалска лига ќе се игра во САД оваа сезона, поточно во Мајами. Идејата на Ла Лига да се одигра барем еден меч преку „барата“ наиде на остри критики, а сега и на осуда од страна на ФИФА, а може да се нарече дека станува збор и за забрана.

„Потполно се противиме на на таа идеја и нема да дозволиме мечот Барселона – Џирона да се одигра во туѓа држава. ФИФА на последниот состанов дискутираше на таа тема, а од таму донесовме заклучок дека натпреварите од националните првенства треба да се играат само во матичните земји“, истакна претседателот на светската фудбалска куќа, Џани Инфантино.

Имено, идејата беше барем едно од двете „Ел класико“ средби за оваа сезона да се одиграат на тло на САД, но откако веднаш беше одбиено, се најде алтернатива да се одигра малото каталонско дерби меѓу Барса и Џирона, но по сите изгледи, и таа идеја ќе пропадне.

Куртоа не може да верува што прави Реал: Избегав од Лондон поради Конте и Мурињо…

Еден од многуте играчи во редовите на Реал Мадрид кој не се согласува со смената на Хулен Лопетеги е Тибо Куртоа. Белгискиот голман кој изминатово лето пристигна во Мадрид од тимот на Челзи, не може да верува дека раководството на европскиот првак се обидува да го замени шпанскиот стратег со еден од ексменаџерите на „сините“, Антонио Конте, односно Жозе Мурињо.

Куртоа истакна дека една од причините што си заминал од Лондон се токму овие двајца тренери, а сега неговиот нов клуб се обидува да ангажира еден од нив, со цел да се прекине низата на лоши резултати кои ги остварува тимот во последно време.

„Не можам да верувам во тие шпекулации. Во Реал сум единствениот кој соработувал со Конте и Мурињо. Тие ми помогнаа во одлуката да си замина од Лондон, да не морам повеќе да трпам такви работи, а сега и двајцата се споменуваат дека може да го наследат Лопетеги на клупата. Неверојатно“, изјавил Куртоа на шпанските медиуми.

Куртоа беше дел од Челзи кога екипата од Лондон ги освои шампионските титули во Премиер лигата и под водство на двата менаџери, со Мурињо во сезоната 2014/15, а со Конте во сезоната 2016/17.

Батлер повторно е интересен за Хјустон

Сагата околу Џими Батлер продолжува. Иако кошаркарот на Минесота ги смири страстите, тој и натаму се обидува да пронајде нов клуб. Според шпекулациите од медиумите во САД, интерес за трејд повторно покажува Хјустон. Ракетите по секоја цена се обидуваат да направат тим кој ќе биде конкурентен, и ќе може да ги застане „воините“ од Голден стејт.

Хјустон има намера да се откаже од двајца играчи, Брендон Најт и Маркис Крис, кошаркари кои беа ангажирани во текот на летото од редовите на Феникс санс, но и да ги даде на Минесота нивните следни четири први пикови на драфтовите, почнувајќи од 2019 година, па така се до 2025-та на секои две години. Тоа е максимумот кој може да го понуди франшизата од Тексас.

Очигледно ангажманот на Кармело Ентони не се погоди во Хјустон, а откако рокетси останаа без Ариза и Мба а Муте, значително се ослабени во одбраната, а сметаат дека со Батлер ќе се поправат во тој сегмент, а секако ќе бидат и поопасни во нападот.

Ваков сличен трејд направи Брунклин нетс со Бостон селтикс, кога франшизата од Њујорк даде четири пика за Пол Пирс и Кевин Гарнет, а „келтите“ во наредните години добија талентирани млади кошаркари како Џејсон Тејтум и Џејлен Браун, кои сега се меѓу главните играчи во екипата на Бостон.

 

Џабе им облекува дрес на Интер, децата навиваат за Ривер

Откако напиша порака „Напред Барселона“ после победата на каталонците над Интер, сега Макси Лопес испрати уште една провокација до неговиот поранешен пријател Мауро Икарди и неговата поранешна сопруга Ванда Нара.

Макси е татко на трите сина на Ванда, а Икарди кој му ја „украде“ жената, има две ќерки со 32-годишната Аргентинка.

„Иако мајка им сака да им облекува дресови на други тимови, тие тројца се фанови на Ривер плата. Среќен сум што моите деца се љубители на фудбалот, што одат по стадиони и ќе растат како здрави личности. Не можам да ги однесам на стадионот на Ривер бидејќи се во странство, но ога ги однесов, беа воодушевени. Во неделата ги прашав како им е во Италија, разговаравме за фудбал, ми кажаа за Лигата на шампионите и Либертадорес купот“ – изјави Макси, кој до летоска играше за бразилскиот клуб Васко де Гама, а дел од кариерата мина и во Барселона, па можеби искрено навивал за Барса во дуелот со миланските „црно-сини“.

Најдобрата српска одбојкарка, доби сала во БиХ!

Општина Билеќа го усвои предлогот на градоначалникот Миљан Алексиќ, спортската сала во овој мал град во Босна и Херцеговина, да се вика Тијана Бошковиќ, во чест на српската одбојкарка која неодамна беше прогласена за најдобра на Светското првенство за жени.

Бошковиќ на СП во Јапонија одигра одлично, беше МВП, и беше најзаслужна за титулата на Србинките. Билеќа (место во близина на Требиње, на границата на БиХ и Црна Гора) е градот во кој Тијана порасна и почна да тренира одбојка.

Затоа, во Билеќа сметаат дека 21-годишната Тијана е нивна спортска амбасадорка, и заслужува салата да го носи нејзиното име. Предлогот едногласно усвоен и во иднина, салата ќе се вика „Дворана Тијана Бошковиќ“.

Голот на Ди Марија против Наполи, најубав во колото од ЛШ (Видео)

УЕФА објави дека погодокот на Анхел Ди Марија од Пари Сен Жермен против Наполи во последната минута од мечот, е најубав во третото коло на Лигата на шампионите. Аргентинецот го спаси својот тим од пораз и непријатна ситуација да остане со само  три бода после три рунди.

Во судиското продолжение, Ди Марија со својата лева нога, од 22 метри испрати прецизен шут во десниот агол од голот на гостите, и на својот тим му донесе еден бод.

За тие што не го виделе голот, еве прилика да го погледнат:

https://www.youtube.com/watch?v=uWao7FD4xxo

Играч на колото е Един Џеко од Рома, кој со два гола ја урна ЦСКА Москва. Противкандидати на Босанецот му беа Мохамед Салах, Давид Силва и Ашраф Хакими.

Хамилтон се подготвува за фиеста во Мексико

Луис Хамилтон в недела има прилика да стане третиот пилот во историјата на Формула 1 после Хуан Мануел Фанџо и Михаел Шумахер, кој освоил барем пет шампионски титули во овој тркачки спорт.

Само чудо може втора недела по ред да му ја одложи промоцијата на Британецот во болидот на Мерцедес.

Себастијан Фетел кој е второпласиран во генералниот пласман, за да ја спречи шампионската прослава, мора да освои барем 21 бод повеќе од Хамилтон. Тоа значи дека Германецот мора да победи, а Хамилтон да биде под осмо место. Можеби Фетел може да победи во Мексико, но Хамилтон на ниту една трка која ја заврши, не беше толку ниско, па Фетел ќе треба да победи и да се надева оти лидерот во генералниот пласман нема да ја мине целта.

Ако Хамилтон биде меѓу првите седум, освојува титула, а титулата ќе се слави и ако Фетел не победи, без разлика дали Хамилтон ќе ја заврши трката.

Не само Хамилтон лично, туку и неговиот тим Мерцедес може викендов да освои титула во конкуренција на конструктори. На „сребрените стрели“ им требаат 20 поени повеќе од Ферари.

Реал Мадрид има „среќа“ со повредите на ривалите

Европскиот првак Реал Мадрид, во последните месеци има среќа во некои од најважните натпревари да игра против некомплетен противник, без клучен играч на ривалите.

Задутре, „кралскиот клуб“ гостува кај најлутиот ривал Барселона, а Реал има среќа што во редовите на каталонците ќе го нема Лионел Меси. Аргентинецот се повреди минатиот викенд и нема да може да му помогне на својот тим против гостите од Мадрид.

За потсетување, во финалето на Лигата на шампионите, на Реал му се олесни работата кога се повреди Мохамед Салах од Ливерпул. И во 2014 година, во финалето против Атлетико, после 8 минути излезе повредениот Диего Кошта.

Во полуфиналето од минатата сезона од ЛШ, против Реал, кај Баерн ги немаше Артуро Видал и Мануел Нојер, а се повредија Арјен Робен и Жером Боатенг. Во четвртфиналето, кај Јуве ги немаше Бернардески, Бенатија и Квадрадо на првиот, а Дибала на реваншот. Пред тоа, против ПСЖ, кај „светците“ недостасуваше Нејмар.

Реал извлече позитивни резултати против сите овие ослабени екипи, а неговите навивачи посакуваат така да биде и в недела попладне на „Камп Ноу“.

Стивенс ја разби конкуренцијата и влезе во полуфинале

Слоун Стивенс ќе игра со Каролина Плишкова, а Елина Свитолина ќе се сретне со Кики Бертенс во полуфиналните пресметки на завршниот ВТА-турнир, кој се игра во Сингапур.

Во денешните мечеви, Холанѓанката Бертенс ја совлада Наоми Осака, откако Јапонката се предаде по губењето на првиот сет со 3:6, а во дербито Американката Стивенс беше подобра од првата фаворитка Анџелик Кербер со 6-3, 6-3.

Бертенс, која на турнирот влезе како замена за повредената лидерка на ВТА-листата, Симона Халеп, е најпријатно изненадување во Сингапур.

На Стивенс ѝ требаше победа за да оди во полуфинале, и тоа како првопласирана во својата група, во спротивно ќе испаднеше. Таа има низа од пет победи по ред против Кербер. Но, иако како прва оди понатаму, тоа не значи дека ќе биде голема фаворитка против Чехинката Плишкова, која сервира добро.