Дома Blog Страница 10647

Арсенал даде гол како од времето на Анри, Пирес, Беркамп (Видео)

Арсенал со 3:1 го победи Лестер во последниот меч од 9. коло. „Топчиите“ губеа со 0:1, но успеаа да направат целосен пресврт и да стигнат до трите бода. Пјер Емерик Обамејанг беше херојот. Откако влезе како резерва во второто полувреме, даде два гола за победа.

Посебно добра беше акцијата која потсети на играта на лондонскиот тим од пред 15-тина години, а на крајот Обамејанг погоди. Такви погодоци постигнуваа кога во тимот беа Тјери Анри, Роберт Пирес, Денис Беркамп, Патрик Виеира. Сега е нова генеранија на теренот, но акциите  за погодоците се прекрасни.

За Арсенал ова е 10-та победа по ред во сите натпреварувања, покажувајќи дека тимот е во одлична форма.

https://youtu.be/4UgcqGwod60

Леброн од јунак до трагичар на Лејкерс (Видео)

Лос Анџелес лејкерс и со Леброн Џејмс не може да стигне до победа. Во третиот меч го претрпе и третиот пораз. Овојпат беше најдраматично. На свој терен, Лејкерс беа поразени од Сан Антонио со 143:142 и тоа дури по продолжение од пет минути.

Џејмс ја имаше улогата на лидер во тимот, но овојпат од херој се претвори во трагичар. Во последниот напад од регуларниот дел, Леброн погоди тројка од прекуи 9 ветри и израмни на 128:128, што беше најава за дополнителни пет минути. Сепак, тикму во тие пет минути првата ѕвезда во НБА лигата затаи.

Лејкерс имаше предност од 142:138 на помалку од 30 секунди до крајот и се чинеше дека е време за прва радост на тимот. Сепак, гостите дадоа тројка и намалија на 142:141. Потоа следуваше фаул над Џејмс, а овој ги промаши двете слободни фрлања и им даде шанса за победа на гостите. Милс погоди од поле за водство на Сан Антонио од 143:142, а Леброн имаше уште една последна шанса да се корегира. Ја превзема одговорноста за последниот шут, но промаши и гостите се радуваа.

https://youtu.be/W_6st7X70m0

На крајот Џејмс заврши со 32 поени, 14 асистенции и осум скока, но тоа не беше доволно ако се знае дека ги промаши клучните две слободни, а потоа и шутот за победа. Кузма даде 37 поени за Лејкерс.

Во останатите мечеви кои се играа ноќеска: Бостон – Орландо 90:93, Торонто – Шарлот 127:106, Милвоки – Њујорк 124:113, Минесота – Индијана 101:91, Далас – Чикаго 115:109, Јута – Мемфис 84:92, Портланд – Вашингтон 124:125 прод., Голден Стејт – Феникс 123:103.

Македонските фудбалски таленти на гости во Црна Гора и Романија

Две македонски фудбалски репрезентации денеска од 14 часот ќе играат тест натпревари на гостински терен.

Нашите таленти на возраст до 15 години предводени од селекторот Неџат Шабани ќе и бидат гости на Црна Гора. Првиот од двата пријателски дуели ќе се игра од 14 часот денеска во Подгорица. Нова средба двете селекции ќе имаат во четврток, но тогаш ќе се игра во Златица.

Една година повозрасните фудбалери на Македонија од 14 часот денеска ќе играат во Букурешт против Романија. По овој дуел ќе следи уште еден на 25. октомври со почеток од 11 часот.

Селектор на селекцијата до 16 години е Звонко Златановски, поранешен помошник на Благоја Милевски во златната генерација младинци до 21 година, кои лани играа на Европското првенство во Полска.

Страшна серија на Арсенал – Победа и против Лестер, десетта по ред

Арсенал одигра нов одличен меч и со 3:1 го победи Лестер, иако гостите водеа со автоголот на Ектор Белерин. Во 31. минута бекот на топчиите го изненади својот голман Бернд Лено за предност на Лестер.

Навреме израмни Озил, со погодок во 45. минута, а во продолжението доминираше домашниот состав. Обамејанг со два гола му донесе победа на Арсенал, десетта по ред во сите натпреварувања.

Интересно е што топчиите стартуваа во новата сезона во Премиерлигата со два порази, од Манчестер сити и од Челзи, а потоа се редат само успеси.

Од последното место, со серија победи, Арсенал се проби на делба на третото место со Челзи и лутиот лондонски ривал Тотенхем.

Италијанска класика – Сампдорија и Сасуоло го одјавија колото без голови

Сампдорија и Сасуоло одиграа меч без голови, како одјава на деветтото коло во Серија А. Двете екипи играа претпазливо и основна цел беше да не се прими гол, а шанси за погодок имаше многу малку.

Сампдорија и со реми се задржа во првата петорка, точно на петтото место со 15 бодови, а и Сасуоло има солидна позиција и со 14 бодови е осми.

Илиев се разбрани, прими само еден гол за 360 минути

Дени Илиев брани во одлична форма и повторно не им дозволи на противниците во развојната лига на Англија да му дадат гол.

Вечерва во дербито за врвот, Арсенал одигра без голови со Евертон, а нашиот голман бранеше цел меч за „топчиите“.

На последните 4 натпревари Илиев не успеа да го одбрани само ударот на Рајт од Лестер, во минатото коло.

По 8 кола Арсенал и Евертон се на делба на првата позиција со по 15 бодови, а голема заслуга за успесите на младите „топчии“ има и Илиев.

Добар му е планот на Узунидис: Да го држиме Баерн подалеку од нашиот гол

Баерн е апсолутен фаворит за победа во Атина против АЕК, а тренерот на грчкиот тим Маринос Узунидис вели дека има само една тактика за подвиг.

„Не смееме да ги пуштиме играчите на Баерн блиску до нашиот шеснаесетник. Ќе мора да играме пресинг повисоко на теренот, за да ја спречиме нивната доминација“, вели Узунидис.

Шансата на АЕК е цврста одбрана и дисциплинирана игра за да се надева на подвиг, додава Узунидис.

„Знаеме дека нема да имаме поголем посед на топката. Баерн има светски ѕвезди во составот и нашата шанса се контранападите. За тоа ни треба многу дисциплина, добра организација и цврста одбрана“, дополнува Узунидис.

Планот му е добар, но Баварците доаѓаат во Атина со импресивен биланс од пет победи и само едно реми на последните шест гостувања во Лигата на шампионите.

 

Икарди: Треба да учиме од Јувентус како се останува на врвот

Мауро Икарди е играч број еден по дербито „Дела Мадонина“ во Милано, а повторно актуелен е интересот за него од Реал Мадрид.

Напаѓачот на Интер со гол во самиот финиш го реши дербито против Милан, а вели дека неговиот тим докрај ќе се бори за скудетото.

„Интер нема да се откаже од битката за титулата. Веројатно треба да учиме од Јувентус како се останува на врвот. Навидум тие се неприкосновени, но ние нема да се откажеме“, вели Икарди.

До дербито на Италија, против Јувентус има доста време, ќе се игра на 7. декември во Торино, а претходно има доста предизвици за Икарди и „нераѕурите“. Прв на ред е сериозниот испит против Барселона, задутре во Лигата на шампионите на „Камп Ноу“.

Барди си има коњак професија по фудбалот (Фото)

Победите против најтрофејниот клуб на светот Реал Мадрид долго се паметат, а расположението на тренинзите на Леванте е на високо ниво.

Убаво е кога ќе се собори кралот, а интересна фотографија има од последниот тренинг на клубот од Валенсија. Енис Барди е во нова улога и си најде хоби во паузата на тренингот.

Адеми е во топ форма, заслужи место во идеалниот тим во ХНЛ

Аријан Адеми е во топ-форма, беше главен играч на Динамо Загреб во победата против Истра и заслужено е во идеалниот состав на колото во ХНЛ лигата, пишуваат новинарите на „24 сата.хр“.

Адеми постигна гол во триумфот од 4:1 на гостите од Загреб и си го завзема своте место во средниот ред меѓу најдобрите 11 на колото.

Аријан имаше проблеми со повреди, но се врати на терен и игра одлично за Динамо и за нашата репрезентација.