Леброн од јунак до трагичар на Лејкерс (Видео)

Лос Анџелес лејкерс и со Леброн Џејмс не може да стигне до победа. Во третиот меч го претрпе и третиот пораз. Овојпат беше најдраматично. На свој терен, Лејкерс беа поразени од Сан Антонио со 143:142 и тоа дури по продолжение од пет минути.

Џејмс ја имаше улогата на лидер во тимот, но овојпат од херој се претвори во трагичар. Во последниот напад од регуларниот дел, Леброн погоди тројка од прекуи 9 ветри и израмни на 128:128, што беше најава за дополнителни пет минути. Сепак, тикму во тие пет минути првата ѕвезда во НБА лигата затаи.

Лејкерс имаше предност од 142:138 на помалку од 30 секунди до крајот и се чинеше дека е време за прва радост на тимот. Сепак, гостите дадоа тројка и намалија на 142:141. Потоа следуваше фаул над Џејмс, а овој ги промаши двете слободни фрлања и им даде шанса за победа на гостите. Милс погоди од поле за водство на Сан Антонио од 143:142, а Леброн имаше уште една последна шанса да се корегира. Ја превзема одговорноста за последниот шут, но промаши и гостите се радуваа.

https://youtu.be/W_6st7X70m0

На крајот Џејмс заврши со 32 поени, 14 асистенции и осум скока, но тоа не беше доволно ако се знае дека ги промаши клучните две слободни, а потоа и шутот за победа. Кузма даде 37 поени за Лејкерс.

Во останатите мечеви кои се играа ноќеска: Бостон – Орландо 90:93, Торонто – Шарлот 127:106, Милвоки – Њујорк 124:113, Минесота – Индијана 101:91, Далас – Чикаго 115:109, Јута – Мемфис 84:92, Портланд – Вашингтон 124:125 прод., Голден Стејт – Феникс 123:103.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести