Македонските фудбалски таленти на гости во Црна Гора и Романија

Две македонски фудбалски репрезентации денеска од 14 часот ќе играат тест натпревари на гостински терен.

Нашите таленти на возраст до 15 години предводени од селекторот Неџат Шабани ќе и бидат гости на Црна Гора. Првиот од двата пријателски дуели ќе се игра од 14 часот денеска во Подгорица. Нова средба двете селекции ќе имаат во четврток, но тогаш ќе се игра во Златица.

Една година повозрасните фудбалери на Македонија од 14 часот денеска ќе играат во Букурешт против Романија. По овој дуел ќе следи уште еден на 25. октомври со почеток од 11 часот.

Селектор на селекцијата до 16 години е Звонко Златановски, поранешен помошник на Благоја Милевски во златната генерација младинци до 21 година, кои лани играа на Европското првенство во Полска.

- Оглас -

Најнови вести