Дома Blog Страница 112

Кубарси ја стави Барса на големи маки (Видео)

Атлетико Мадрид има изненадувачко водство од 1-0 на гостувањето кај Барселона во ова шпанско четвртфинале на Лигата на шампионите, благодарение на фантастичниот гол од слободен удар на Хулијан Алварес во финишот на првиот дел.

Алварес покажа дека е голем мајстор за вакви ситуации, користејќи го фаулот на Пау Кубарси кој беше и исклучен, па Каталонците цело второ полувреме на „Камп Ноу“ ќе имаат човек помалку на терен. Ова е дури петти пат во последните три сезони во ЛШ, играч на Барса да добие црвен картон уште во прво полувреме.

Јорганџиите 20 години не победиле на „Камп Ноу“ и вечерва имаат добра прилика да го разбијат малерот и оваа најцрна серија во клупската историја.

Само бод за Вардар во Битола

Пелистер и Вардар вечерва под рефлекторите во Битола одиграа 0-0 во прволигашкото фудбалско дерби, исход од кој двата тима се подеднакво (не)задоволни. Вардар својата најубава шанса ја имаше во 95-та минута, а пелистерци дадоа гол, но од офсајд позиција.

На битолчани победата им требаше за полесно да дишат во борбата за опстанок, додека вардарци се борат за титула, Шкендија им дише во врат. Сега Вардар кој во следното коло игра со соседот Работнички кој е загрозен од директно испаѓање, има само еден бод повеќе од тетовци.

Среќата сојузник на ПСЖ при водството над Ливерпул (Видео)

Со голот на Дезире Дуе, ПСЖ поведе против Ливерпул со 1-0, а Светците имаа и среќа во оваа ситуација, бидејќи по шутот на крилото, топката го закачи Вирџил Ван Дајк, ја смени патеката на патување и го изненади голманот Мамардашвили.

Голот погледнете го ТУКА.

Со 20 години и 309 дена, Дуе е шесттиот најмлад играч во историјата на ЛШ со 10 постигнати голови.

Брага постигна голчиште со пета, Шпанците тврдат требало да биде поништен (Видео)

Брага и Бетис одиграа 1-1 во првиот нивен дуел од четвртфиналето на Лига Европа. Домашните поведоа уште во петта минута со атрактивен гол со пета на Австриецот Флоријан Грилиш, а според поранешни шпански судии, овој гол требало да биде поништен.

По корнерот, Родригес од Бетис беше турнат на земја и оневозможен да ја исфрли топката напред, и така се отвори простор за Грилиш кој прекрасно се снајде и даде многу атрактивен погодок кој може да го погледнете ТУКА.

Судијата Цвајер од Германија не досуди ништо, а немаше интервенција ни од ВАР собата.

Охриѓани слават, најава дека и Купот ќе биде драматичен

„Новото нормално“ е дека ГРК Охрид станува ракометна силна во Македонија која може да им ги замрси сметките на оние кои беа сигурни дека се најдобри тимови во Македонија.

Пласманот на Гладијаторите во полуфиналето на Европскиот куп и победата вечерва во Битола над се уште актуелниот првак Еурофарм Пелистер, покажа дека охриѓани се тим кој е способен за големи нешта. Титулата нема да ја освојат, но може да бидат втори што би било одличен успех за нив, а од 17-ти до 19-ти април во Струмица се игра завршницата во Купот на Македонија каде сите четири тима (Вардар 1961, Алкалоид, Е. Пелистер и Охрид) имаат амбиции да го освојат трофејот.

Победата во Битола вечерва е најава дека охриѓани ќе имаат што да покажат во полуфииналето против истиот ривал, а од друга страна пелистерци ќе имаат мотив да му се реваншираат на Охрид што ги отпиша од одбрана на титулата, и потоа да го освојат пехарот кој не го освоиле речиси 20 години.

ТФТ е на чекор од финале во АБА 2 лигата

Екипата на ТФТ ја победи Сутјеска во Никшиќ со 93-88, во првиот меч од полуфиналето на АБА 2 лигата, а вториот дуел се игра за една недела во Скопје и Црно-белите од населбата Тафталиџе ќе имаат прилика да обезбедат финале. Првакот на АБА 2 директно оди во главната јадранска лига, а поразениот финалист ќе игра бараж со претпоследниот од АБА лигата.

Македонскиот репрезентативец Виктор Ташовски со 28 поени беше најефикасен кај ТФТ, а двоцифрен број на поени имаа и Гордон, Дејвис, Говенс и Стојаноски.

На трибините во Никшиќ беше раководството на АБА лигата на чело со Драган Бокан кој е Црногорец и во живо ја видоа феноменалната претстава на тимот на Боро Смилковски. Во првото полувреме ТФТ даде 59 поени и си го отвори патот до триумфот.

ГРК Охрид ги шокираше битолчани

ГРК Охрид го совлада Еурофарм Пелистер во Битола со 27-26 и сега двата тима се на делба на второто место со осум бодови помалку од најверојатно новиот првак Вардар 1961.

Стрмљан со гол на две секунди до крајот, им донесе голема победа на Гладијаторите и ја шокираше битолската публика која ќе мора да се помири дека нивниот тим нема да ја освои титулата оваа сезона.

Германките ја оправдаа фаворитската улога, Македонија уште е со шанси да игра на ЕП

Женската ракометна репрезентација на Македонија очекувано загуби на свој терен од Германија со 27-35, но нашите остануваат со шанси за пласман на Европското првенство.

Кипријановска со 6 гола беше најефикасна во тимот на селекторот Грчевски, а Јанкуловска и Стефаноска по четири пати ја тресеа мрежата на Германките.

Во последното коло, на 12-ти април в недела Македонија гостува кај Словенија, и ќе се обиде да направи сензација или да загуби со што помала разлика, бидејќи секој гол мое да биде пресуден во битката за местата кои водат на ЕП, бидејќи од шесте групи, на континенталниот шампионат одат и четири најдобропласирани трети од квалификациските групи. Македонија ќе биде трета во својата група.

Наполи разгледува четири опции во случај Конте да биде новиот селектор на Италија

Антонио Конте е еден од фаворитите за преземање на селекторската функција во репрезентацијата на Италија, па во редовите на актуелниот шампион на Италија се разгледуваат четири опции како можна замена.

На почетокот на неделата, Конте сам отвори врата за такво сценарио, признавајќи дека не ја исклучува можноста да стане селектор на „аѕурите“, кои доживеаја нов дебакл и ќе пропуштат трето последователно Светско првенство.

Според италијанските медиуми, меѓу кандидатите се поранешниот тренер на Челзи, енцо Мареска, како и Винченцо Италијано (Болоња), Даниеле де Роси (Џенова) и Фабио Гросо (Сасуоло).

Наполи во моментов е на второто место на табелата во Серија А со седум бода помалку од лидерот Интер.

Оклахома ја брани честа на гостите, на останатите натпревари се очекуваат домашни победи (Фото)

Полноќниот експрес на Sport Life нуди седум меча од НБА-лигата, а ако се погледнат квотите, тогаш очекувањата се дека на шест натпревари ќе победат домашните екипи, додека само на еден – гостите.

Честа на гостите ја брани Оклахома со квота за победа од 1.45, додека извесно е дека пред својата публика ќе победат Детроит (1.08), Денвер (1.05) и Феникс (1.29).

Во богатата кошаркарска понуда на Sport Life ќе ги најдете и кошаркарите со играта „плус-минус“ поени, а комплетната понуда е на следниот ЛИНК.